Имајте квалитетно греење и ладење! Неколку начини сами да го сервисирате вашиот клима уред.
Следете ги овие совети од Паксон и Daikin, за да се осигурате дека Вашиот даикин инвертер клима уред ќе работи правилно.
DAIKIN СЕРВИС МАКЕДОНИЈА
Со редовно користење на вашиот клима уред, ќе започнат да се насобираат нечистотии, огромна количина на прав, алергии, микроорганизми (бактерии, вируси, габи) во филтрите и системот, што со текот на времето ќе влијае на перформансите и животниот век на инвертерот, доколку не се одржува правилно.
Филтрите на клима уредите, како изменувачот и перките бараат редовно одржување за да може климатизерот да функционира ефикасно и ефективно во текот на годините на работа. Не водење грижа на потребното одржување предизвикува постојан пад на перформансите на инвертерот, а со тоа постепено се зголемува и потрошувачката на електрична енергија.
ФИЛТРИ НА КЛИМА УРЕД
Најважната задача за одржување што ќе обезбеди ефикасност на вашиот клима уред е редовното одржување, чистењето на филтри. Запушените, валкани филтри го блокираат нормалното струење на воздухот и значително ја намалуваат ефикасноста на системот. Замена на валкан, запушен филтер со чист може да ја намали потрошувачката на енергија на вашиот клима уред за 5% до 15%.
Некои типови на филтри се користат повеќекратно, други мора да бидат заменети. Тие се достапни во различни видови и се со различна ефикасност. Исчистете ги или заменете ги филтрите на системот за климатизација секој месец, или два пати во време на сезона (летна /зима сезона). На филтрите треба да се посвети повеќе внимание со редовно одржување, доколку климатизерот е во постојана употреба, и е подложен на прашливи услови или ако имате домашни миленици.
ОДДРЖУВАЊЕ И ЧИСТЕЊЕ НА ФИЛТРИТЕ ЗА ВОЗДУХ
Нечисти филтри
Внимание! Пред чистење, исклучете го уредот.
Внатрешна единица, надворешна единица и далечински управувач избришете ги со сува и чиста крпа.
ЧИСТЕЊЕ НА ПРЕДНИОТ ПАНЕЛ НА ВНАТРЕШНАТА ЕДИНИЦA НА КЛИМА УРЕДОТ
Отворете го предниот панел на внатрешната единица, држете го предниот панел за копчињата од страна и отворете го. Предниот панел повлечете го кон себе. Ова ќе ja исклучи оската на предниот панел на една страна. Избришете го со мека крпа, потопена во вода. Може да користите само природен детергент. Во случај на чистење на предниот панел со вода, потребно е да се избрише со чиста крпа и да се остави да се исуши на сенка. За враќање на предниот панел назад притиснете го панелот на двете страни и на средината.
Чистење на филтрите за воздух
- Отстранете го филтерот од клима уредот
- Исчистете ја прашината на филтерот со правосмукалка или со лесно миење со вода
- По миењето, ослободете го филтерот од вишокот на вода и оставете го да се исуши во сенка
- Со оглед на тоа дека материјалот е направен од полиестер не го виткајте филтерот кога го отстранувате вишокот на вода од него
- Фрлајте ги старите филтри во незапалив отпад
Се препорачува чистење на филтерот за воздух на секои две до четири недели во зависност од загаденоста на просторијата.
Проверете!
– Проверете дека ништо не ги блокира отворите за воздух, и од места на внатрешната единица и од места на надворешна единица
– Проверете дали кондезот истекува без проблеми надвор од одводното црево и за време на ладење и за време на греење. Ако одводот на вода не се гледа, водата може да тече од внатрешна единица. Ако кондезот не истекувa може да е запушен и да почне да протекува од единицата. Исклучете ја единицата и повикајте овластен сервис (Паксон Daikin сервис Македонија).
Пoдолг период на некористење на клима уредот
Што се случува доколку вашиот клима уред не бил во употреба 3-4 месеци или подолго?
Сè додека вашиот клима уред е во добра работна состојба во целост – и го добива потребното редовно одржување и сервис, ретко се појавуваат проблеми доколку е исклучен само неколку месеци.
Доколку сакате да го вклучите вашиот инвертер, откако не бил во употреба неколку месеци, еве што прво да направите. Еден од најчестите проблеми што се јавува е насобирање на прашина во системот, или акумулација на остатоци во надворешната единица. Најпрво проверете ја надворешната единица и доколку има насобрано прашина, листови, плевел, или други отпадоци, отстранете ги. Лисјата што паѓаат, косилката за трева, се потенцијални загадувачи за Вашата единица. Потребно е отсекување на зеленилото најмалку 0.6m околу надворешната единица, што ќе овозможи соодветно правилно струење на воздухот околу единицата. Не ја отворајте единицата! Проверете во вашиот распоред кога последен пат имате направено редовен сервис. Климатизерите треба да добијат годишно оддржување -сервисирање, најмлаку еднаш, до два пати годишно од овластен сервис (Daikin сервис Македонија). Доколку не сте направиле редовен годишен сервис, направете го тоа, пред да го пуштите во употреба вашиот инвертер.
При подолг период на некористење на клима уредот, потребно е да ја вклучите единицата да работи во мод на вентилација неколку часа. Ова ќе помогне да се исчисти прашината од системот пред да го вклучите во мод на ладење / греење.
На крајот на сезоната, доколку сакате да го исклучите инвертерот неколку месеци, треба да ги направите овие неколку чекори:
– Вклучете го клима уредот да работи во мод на вентилација 60 минути, за да го исчистите системот
– Доколку вашиот клима уред има проблеми, може да биде полошо за 3-4 месеци, пред да го исклучите, ако има некој проблем, тој може да се влоши. На пример: ако претходно имало истекување на ладилно средство, тоа може да премине од “ниско” до “празно” ниво.
– Доколку Вашиот клима уред е вклучен и не работи правилно, не грее, не лади, дува топол воздух, премногу често се исклучува и сл. Овој проблем најверојатно ќе биде посериозен кога ќе треба да го вклучите во сезона, затоа е најважно веднаш да се обратите кај овластен сервис – техничка поддршка, што ќе го провери и поправи инвертерот.
Хемиско и антибактериско чистење на Вашиот клима уред
Што се случува доколку вашиот клима уред не бил во употреба 3-4 месеци или подолго?
Кога на вашиот клима уред му треба повеќе од редовно одржување, ангажирајте професионален сервисер (Daikin овластен сервис). Добро обучените техничари ќе го откријат и поправат проблемот на вашиот систем за климатизација.
Голем број на корисници на клима уреди сметаат дека е доволно само да се перат филтри, и дека не е потребно дополнително одржување или сервисирање. Често пати кога ќе се осетат непријатни мириси, или кога инвертерот не грее/лади доволно, тогаш клиентите реагираат за сервисирање. Ова најчесто се случува во почеток на сезона за греење и ладење.
Нечистотите што се насобираат, длабински и темелно може да се исчистат со хемиско и антибактериско чистење. Со хемиското чистење и дезинфицирње ќе се отстранат бактериите и вирусите, со што ќе се овозможи подобар квалитет на воздухот, и вашиот систем ќе работи поефикасно.
Прашината и нечистотијата ќе го блокираат филтерот, со што ќе се предизвика нехигиенски воздух да циркулира во просторијата, исто така ќе го ограничи снабдениот проток на воздух, што ќе предизвика системот да работи под притисок. Хемиското перење целосно ја отстранува нечистотијата од Вашиот клима уред, ги отстранува нечистотиите и бактериите и го спречува замрзнувањето на вашиот климатизер. Хемиското чистење е толку ефикасно, бидејќи не само што вклучува чистење, туку и проверка на главните делови на клима уредот.
Купување на инвертер клима уред е долгорочна инвестиција, што му дава вредност на Вашиот дом. Клима уредот со врвен квалитет е генерален голем трошок за домаќинството, затоа е важно да го одржувате вашиот систем, да избегнете дефекти, и да го одржувате во оптимална состојба.
За повеќе совети или закажување на сервис на Вашиот Daikin клима уред, контактирајте не!
ПАКСОН – Овластен партнер на Даикин за Македонија
Ул. Загребска бр. 28в, лок. 5 Скопје
Тел. 02 3109 998 | servisdaikin@pakson.net
Web: www.pakson.mk