Животот е полесен и поубав кога ќе научиш како на едноставен начин да направиш некои работи.
Цртањето е начин на создавање на слики, со помош на разни алатки и техники. Ова се прави со бележење на една површина со примена на притисок од некоја алатка, или пак влечење на таа алатка по површината. Примери за овие алатки се графитни моливи, туш восочни боици, креони, јаглени, пастели и фломастери. Денес се користат и дигитални алатки кои ги симулитраат ефектите на претходно споменатите алатки.
Главните цртачки техники се: цртање линии, шрафирање, накрсно шрафирање, случајно шрафирање, чкртање, сенчање и прелевање.
Уметникот кој се занимва со оваа дисциплина се нарекува цртач.
Техниките кои денес ги прикажуваме може да бидат водич за вашето дете да нацрта интересни работи многу лесно.