Болести на солзен систем
- Затворени лакримални отвори
- Затворени изводни солзни каналчиња
- Перзистентна лакримална фистула
- Стеснување (стеноза) на солзните канали
Здобиени заболувања
- Canaliculitis – воспаление на изводни солзни каналчиња, најчесто со делумна или тотална опструкција.
- Dacryocistitis neonatorum – воспалување на солзната ќесичка кај новородени деца како последица на вродена пречка во проодноста на одводните солзни канали, поточно постоење на мембрана (Hasnerova-membrana) која го затвора изводниот солзен канал кој го спојува солзното ќесе со слузницата на носот.
- Dacryocistitis acuta – акутно воспаление на солзната кесичка и околното ткиво, пропратено со интензивно црвенило, болка, оток и делумно затворање на очниот капак.
- Dacryocistitis chronica – хронично воспаление на солзното ќесе, најчесто кај постари лица, проследено со повремени епизоди на оток и воспалување на солзното ќесе и прекумерно постојано солзење.
Терапија
- Конзервативна – антибиотска и антимукозна.
- Хируршка – сондирање на солзните патишта – тераписко – дијагностичка процедура со транзиторен ефект.
- Dacryocistorinostomia (DCR) – терапија на избор, создавање на вештачки пат од солзното ќесе кон носната слузница во долниот носен ходник.
Нашето мото е: Кај нас нема ветувања, постојат само исполнувања.