, ,

Што е реиши , неверојатниот тоник на животот?

Медицинска печурка со најверојатно најдолг рекорд на терапевтска употреба и една од најпотентните габи е Ganoderma lucidum (сл.1) позната како Ling Zhi (Линг Зи) (духовно растение) во Кина и како Манентаке (10 000 годишна габа) во Јапонија. Овој вид е широко распространет во Северна Америка и Азија. Претставува полипор габа во форма на полица, чија боја може да варира во текот на развојот од портокалово-бела до сјајно црвена во својата зрела фаза. Реиши има легендарна историја на употреба и многу од современите истражувања ја поддржуваат нејзината употреба за различни состојби, од хронични воспаленија, па се до различни типови на рак. Нејзините моќни антиоксидативни и заштитни ефекти врз црниот дроб, помагаат во забавување на процесот на стареење, поради што Реиши е уште позната и како печурка на бесмртноста.

Реиши печурката (Ganoderma lucidum) припаѓа на видот Agaricomycetas од група Ganodermataceae и расте како паразит на дабово дрво, кое е во фаза на распаѓање. Има облик на бубрег со сјајна црвена површина и дрвенеста структура. Родот Ganoderma спаѓа во класата Basidiomycetes.

Останати имиња на медицинската печурка Ganoderma lucidum

Други имиња на оваа печурка се: Reishi (јапонски), Ling-zhi (кинески), Самовилска билка, Манентаке (10.000 годишна билка), Храстова сјајница (српски), Фантомска печурка (заради тоа што многу ретко се наоѓа во природата), Небесна билка, Просветлител на умот.

Името Ganoderma lucidum доаѓа од грчкиот збор ganos – што значи “сјајно” и derma – што значи “кожа”, и латинскиот збор lucidum – што означува ”брилијант, сјај, благосостојба”.

повеќе на Продимед

Кои се болестите на солзен систем и како се лекуваат

Што е реиши , неверојатниот тоник на животот?