,

Комбинирано осигурување на домаќинства – 6 причини за комбинирано осигурување на вашиот дом

Домот е нашата животна инвестиција. За да го создадеме, потребни се средства, време и енергија, а сето тоа може да исчезне во само еден миг. Со мала инвестиција обезбедете заштита и сигурност на домот.
Инвестирањето во домот е значаен чекор, којшто подразбира постојана посветеност и секако одговорност. Сепак, инвестирањето не застанува во моментот кога ги имаме клучевите во рака, туку продолжува со обезбедување спокојност и сигурност во домот.

Триглав Осигурување Ви нуди осигурување на домот, и инвестира заедно со Вас во Вашата безбедност и сигурност.

Комбинираното осигурувањето на домаќинства претставува пакет осигурување на домот, коешто вклучува:

  • осигурување на градежен објект – стан/куќа;
  • ствари во домаќинство – покуќнина;
  • Триглав домашна асистенција

Со осигурувањето на дом во Триглав се заштитувате од следните основни ризици:

  • Пожар;
  • Удар од гром;
  • Експлозија;
  • Луња;
  • Град;
  • Манифестации и демонстрации;
  • Излевање на вода од инсталации;
  • Провална кражба и разбојништво;
  • Трошоци за нужно сместување во случај на тотална штета
  • Лизгање и одронување на земјиште;
  • Снежни лавини.

Дополнителни ризици за коишто треба посебно осигурување се следните:

  • Кршење стакло на прозори и врати;
  • Земјотрес;
  • Поплава и порој;
  • Одговорност кон трети лица.

6 ПРИЧИНИ ЗА КОМБИНИРАНО ОСИГУРУВАЊЕ НА ВАШИОТ ДОМ

  1. Одлични осигурителни покритија по поволна цена;
  2. Брзо и ефикасно решавање на штети;
  3. Осигурувањето во пакет е поисплатливо од склучувањето поединечни осигурувања;
  4. Помала можност за погрешна одлука при склучување на осигурување – целосно осигурување на имот во пакет;
  5. Прегледност на склучените осигурувања – една осигурителна полиса и услови;
  6. Попуст при плаќање во рок.

Деталниот преглед на условите под коишто ќе се осигурите можете да го видите во Општи Услови за комбинирано осигурување на домаќинства .

Комбинирано осигурување на домаќинство

Комбинирано осигурување на домаќинства – 6 причини за комбинирано осигурување на вашиот дом