,

Лизгачки системи кои ги исполнуваат најпрецизните барања

РЕХАУ го претставува својот СИНЕГО СЛАЈД (SYNEGO SLIDE) систем – со нов механизам на отварање и лесна употреба

Без оглед каде живеете, лизгачките врати и прозорци со големи димензии претставуваат совршен начин за создавање на импресивна и автентична архитектура, па така нивната популарност постојано се зголемува. Стамбениот простор станува се помал, а лизгачките врати и прозорци се совршено решение за оваа дилема: со овие системи кои навистина штедат простор, добиваме простор околу прозорецот за слободно уредување. Лизгачкиот систем СИНЕГО СЛАЈД е врвно решение за ситуации каде секој метар квадратен е важен.

Лизгачките елементи со големи димензии, се исклучително популарни и претставуваат дизајнерски елемент при уредување на ентериерот, а нивната предност лежи во фактот што не завземаат дел од внатрешниот или надворешниот простор додека се отворени. Тие ги исполнуваат високите попбарувања за дихтување, трајност и сигурност. Новото СИНЕГО СЛАЈД решение, на РЕХАУ ги исполнува сите услови а од март 2021 ќе биде достапно и на нашиот пазар.

Поради самиот дихтунг, кој оди околу целата рамка на СИНЕГО СЛАЈД, системот е целосно заптивен и исклучително енергетски ефикасен, благодарение на длабочината на вградување од 80 mm и можно застаклување со дебелина дури до 51 mm. Иновативниот начин на движење, овозможува лесно отварање и затварање без многу напор. Скриените компоненти гарантираат беспрекорна функционалсност на целиот систем.

СИНЕГО СЛАЈД е далеку пред досегашните системи кога се работи за неговата робусност, така да веројатноста да настане хаварија е многу помала отколку кај паралелно нагибните лизгачки врати. Како и кај останатите профили од системот СИНЕГО, и СИНЕГО СЛАЈД има висококвалитетна ХДФ површина, која се одржува исклучително лесно. СИНЕГО СЛАЈД го има во 400 различни бои и декори од програмата КАЛЕИДО КОЛОР. Со користење на алуминиумскиот капак од линијата КАЛЕИДО КАВЕР со сива основа, може да се добие елегантен изглед на алуминиум со сите предности и функционалности на полимерни профили.

СИНЕГО СЛАЈД овозможува ширина на отворот за влез до 1,9 метри, а самиот елемент може да биде и со ширина до 4 метри и висина до 2,6 метри. Тоа го чини системот совршен за уредување на простории со средна големина. Иновативно решение кое дава нова можност на архитектите, инвеститорите и производителите на прозорци, да создадат ново решение и нова понуда на пазарот, во овој сегмент.

РЕХАУ групацијата е експерт за полимери кој прави годишен промет од повеќе од 3,5 милијарди Евра. Таа е независна и стабилна, фамилијарна компанија. РЕХАУ брои повеќе од 20.000 вработени кои активно работат на повеќе од 170 локации ширум целиот свет. Во Европа РЕХАУ брои околу 12.000 вработени, од кои само 8.000 во Германија. Во Македонија РЕХАУ брои 18 вработени од каде што се опслужуваат пазарите во Македонија, Косово и Албанија. Веќе 70 години РЕХАУ создава се полесни, поудобни, посигурни и поефикасни вештачки производи и ги испорачува низ целиот свет.

Дознајте повеќе за СИНЕГО СЛАЈД (SYNEGO SLIDE)

Заштитни фолии за прозорци

Лизгачки системи кои ги исполнуваат најпрецизните барања