Навико шипинг е првата приватна и најголема компанија од Македонија која се занимава со контејнерски и бродски транспорт.
Навико шипинг е формирана во 1996 и од самиот почеток нашата компанија е комплетно интегрирана во бродскиот транспорт и како таква бележи континуиран раст во овој сектор која денес е препознатлива како една од водечките компании во Југо- Источниот Балкански регион.
Воедно компанијата Навико шипинг во своите рамки оперира две депоа во Македонија кои што се позиционирани во Скопје и во Гевгелија.
„Навико шипинг“ овозможува чување и преземање на контењери, достапност на опрема за товар и растовар, можност за брзо реализирање на увозот и извозот и значително намалување на финансиските трошоци на фирмите кои се занимаваат со увоз и извоз на стоки.
Погледнете го видеото за најголемиот брод за превоз на контејнери во светот сопственост на Маерск Лајн