,

Македонското студио Омни Креатив со златна награда за дизајн на пакување во Њујорк

Дизајнот на македонското студио Omni Creative е награден со злато на престижниот фестивал MUSE Design Awards 2021. Наградениот дизајн “NO BULL…“, еден од брендовите на Македонија-Експорт, е во категоријата пакување за закуски, десерти и ужини и е за производи кои се продаваат на американскиот пазар.

NO BULL…” е награден во конкуренција од 3942 дизајнерски решенија за светски познати брендови, како Subaru USA, Cineplex, BBC Studio Events, KFC, Burberry Beauty, Hyundai, Mondelez International, Inc. (OREO), Disney+ SG Yamaha Motor Company и многу други. Вниманието на реномираните судии и оценувачи на фестивалот го привлече концептот и едноставната порака истакната на самото пакување дека за разлика од повеќето премиум брендови кои формираат повисока цена на производите за сметка на скапите рекламни кампањи и поддршка од славни личности, концептот “NO BULL… само вкусни закуски!” е изграден околу идејата да се добие најдобра вредност за парите, фокусирајќи се на она што е навистина важно: состојките, вкусот и задоволството на клиентот.

Пакувањето е изработено од Димитар Проданов, сопственик на креативното студио Omni Creative: „Иако работиме во свет кога многу нешта се кажани, сепак креативноста и дизајнерскиот потпис секогаш наоѓаат инспирација за автентичност, уникатност и оригиналност. Тоа го потврдува и дизајнот на “NO BULL…” и оваа награда што ме прави неизмерно горд и ме уверува дека во нашата индустрија може уште многу нешта да кажеме и направиме на поинаков и несекојдневен начин со што ќе дадеме дополнителна вредност на производите и услугите на клиентите”, вели Димитар Проданов, дизајнер на пакувањето за NO BULL…

Оваа престижна наградата за Omni Creative доаѓа токму во година кога агенцијата обележува 15 години успешен развој на нови брендови и дизајн на уникатни пакувања.

Интернационалниот фестивал MUSE Design Awards е создаден од “International Awards Associate (IAA)”, и се одржува секоја година во Њујорк. Наменет е за професионалци од маркетинг и адвертајзинг индустријата кои се стремат да ги подигнат стандардите на креативната и дизајнерската совршеност и важи за еден од најголемите настани во овој сектор. Жири комисијата е составена од 44 професионалци од водечки компании од креативната и дигиталната индустрија од 23 земји.

Преземено од mkd.mk

Нова Златна книга – 17-то издание, на 20 мај (четврток) бесплатно со Слободен печат

Македонското студио Омни Креатив со златна награда за дизајн на пакување во Њујорк