Врвна грижа и гостопримство
Ние сме насочени кон посветување на целосно внимание на нашите корисници. Ние овозможуваме нашите корисници да уживаат во своите пензионерски денови исполнети со исклучителна услуга од учтив и љубезен персонал. Ние силно веруваме дека среќата и удобноста на нашите корисници е наша лична одговорност.
Вашата среќа и удобност. Наша одговорност.
Едноставно, ние ја издигнуваме услугата на сосема поинакво и повисоко ниво и ја препознаваме вредноста на секој корисник. Нашите корисници се охрабрени да ни раскажат се за својот карактер и начинот на кој сакаат да живеат. Овие информации не водат во се што правиме.
Кулинарско искуство
Корисниците во Идила Терзиева можат да уживаат во вкусни, домашно подготвени три оброка дневно. Помеѓу оброците, нашите корисници се секогаш послужени со чај, кафе и разновидни колачиња како ужина. Со избор на квалитетни и секогаш свежи состојки, нашите професионални готвачи, се трудат секој оброк да го претвори во ново кулинарско искуство. Дневното мени е креирано во соработка со нашите корисници и искусен нутриционист, кој со своите совети ни помогaат да служиме вкусни и истовремено здрави оброци.
Вкус кој ги надминува Вашите очекувања.
Желбите на нашите корисници за одредена храна или специјалитет, секогаш ќе бидат ислушани и испочитувани.
Заеднички пикник во градината, додека нашите готвачи се грижат за скарата да биде свежа, квалитетна и топла, е слика што во Хотел Идила-Теризева често се гледа во топлите пролетни денови.
Активности и настани
Истражувањата покажуваат дека чувството на осаменост, здодевноста и монотонијата се најголемите непријатели на среќата на повозрасните лица. Едно е сигурно, во Идила Терзиева никогаш нема да бидете осамени, а на чувството на здодевност сигурно и ќе заборавите. Затоа што во вашиот нов дом секојденевно ќе имате можност да уживате во:
- Фризерски услуги во посебен салон за убавина.
- Физикална терапија
- Учество на организирани семинари за здраво стареење
- Учество во хуманитарни акции
- Кино вечери
- Часови по јога и други физички активности
- Организирани натпревари во шах
- Посета на блиски излетнички места и културни локалитети
- Учество во занаетчиски работилници
- Други активности инспирирани од желбите на нашите гости
Грижа за здрав живот
Посветеноста на здравјето кај повозрасните лица никогаш не било поважно. Затоа ние се трудиме да водиме постојана грижа за главните медицински индикатори кои посочуваат кон одреден здравствен проблем. Постојано и секојдневно мерење на крвен притисок, проверка на висината на шеќерот во крвта, како и чести ЕКГ прегледи се наша рутина. Исто така, обезбедени се регуларни неделни посети од доктор, и секако негово појавување секогаш кога дополнително тоа ќе биде потребно.
Бидејќи физичката активност е од исклучително значење за виталноста на нашите корисници, во Идила Терзиева никако не ја изоставуваме. Секојдневно се организирани фитнес часови и лесни физички вежби специјално прилагодени за потребите на старите лица.
И секако, бидејќи се грижиме за здравата храна и за одмерена физичка активност, сакаме што повеќе да бидеме информирани во таа насока. Затоа соработуваме со доктор нутриционист и посетуваме ќе организирани специјални СЕМИНАРИ ЗА ЗДРАВО СТАРЕЕЊЕ, каде што нашето стекнато дополнително занење ќе го споделиме со нашите корисниците. Ќе учествуваме во разни проекти кои се опфаќаат активности и теми за АКТИВНО СТАРЕЕЊЕ и ќе бидеме дел од кампањи и подигање на јавна свест за старотста и стареењето како дел од нашиот животен циклус.