, , ,

Sport Inn Center: Нашето место — Вашиот Центар

Која е тајната на телото на топ моделите од Victoria’s Secret? Sport Inn центарот го има одговорот.

Под мотото „Нашето место — вашиот центар”, Sport Inn се синоним за уникатни програми што се прилагодуваат на секој вежбач. Она што ги издвојува од останатите фитнес центри е Spinning® програмата, оригинална „indoor cycling” дисциплина. Признанени како првиот и единствен сетифициран Spinning® центар во земјава, ги отвораат вратите не само за тие што тренираат за велосипедска трка, туку и за сите оние вежбачи што сакаат добро да се испотат и да симнат некој килограм. Сертифицирани Spinning® тренери ве водат, мотивираат и забавуваат кон посакуваните фитнес резултати.

Дечките од Sport Inn се ентузијасти дека возењето велосипед ќе ги замени сите останати форми на транспорт во земјава. Оваа програма ја користат како еден вид на апел за подобрување на безбедноста при возење велосипед.

Посилни, помотивирани, поиздржливи, побрзи, помоќни, пофлексибилни, посмирени и повесели во секој аспект на животот. Ова е целта на широката лепеза на тренинзи што ги нуди Sport Inn. Покрај индивидуални, полу-индивидуални и групни тренинзи, можеш да ја разгледаш и нивната уникатна Full body system програма. Станува збор за персонализиран тренинг со различни дисциплини што ќе ти го зголемат нивото на сила и издржливост.

Види ја Spinning® програмата на Sport Inn тука.

Најголема гордост како студио им е позитивниот фидбек што постојано го добиваат од вежбачите што сведочи и за квалитетот на програмите, велат Виктор и Искра Бојаџиеви од Sport Inn. Сепак, не сакаа да ни ја откријат тајната како ги мотивираат вежбачите, туку те охрабруваат да дојдеш да го посетиш студиото и самиот да се увериш во тоа.
Доколку програмите што ги нуди Sport Inn ти делуваат примамливо, можеш да го посетиш нивниот центар лоциран на улицата „Истарска” број 33, веднаш позади Олимпискиот Базен во центарот на градот Скопје.

За да бидеш во тек со сите новости на Sport Inn:
Instagram: @sportinncenter
Facebook: Spinning Macedonia
Website: www.sportinn.mk

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, во над 150 локации во земјава.
Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Симни ја, закажи си термин, посети некоја од нашите локации и пиши ни како си поминал/а. 🙂

Ние го знаеме сонот на секој пензионер и заедно го исполнуваме

Sport Inn Center: Нашето место — Вашиот Центар