Совети и перспективи од ФРОТКОМ
Во 2016 година, ЕК објави список од 19 безбедносни технологии за кои се смета дека се задолжителни. Комисијата сега може да го претвори ова во формален правен предлог.
Во заедничкото писмо до ЕК, групите, вклучувајќи ја Европската асоцијација за добавувачи на автомобили (CLEPA), Европскиот совет за безбедност во сообраќајот (ETSC) и Европската велосипедистичка федерација, велат дека ги сметаат новите минимални стандарди за безбедност на возилата, “апсолутно критични” за намалување на смртните случаи и сериозни повреди на европските патишта. Бројките објавени во март покажуваат дека 25.500 луѓе загинаа во сообраќајни несреќи минатата година во Европа.
Технологиите што се разгледуваат за новите автомобили се Автоматско сопирање во итни случаи, Интелигентна помош за брзина (ISA), Помош за одржување на лента – како и надградби за барања за тестирање на удари. Подобрувања кои се разгледуваатза камиони, се надоградување на барањата за директна визија, така што возачите на камиони полесно можат да воочат велосипедисти и пешаци, како и бариери за да не се превртат во случај на судир.
Во март, подобрените барања за безбедност на возилото ја добија поддршката од министрите за транспорт на земјите членки на ЕУ, кога издадоа декларација со која ја повикуваат Комисијата да ја “забрза” работата на новите стандарди. Европскиот парламент, исто така, ја повика Комисијата да ги ажурира регулативите за безбедност на возилата “без одлагање”, во резолуцијата усвоена на 18-ти Мај.
Препорака:
ETSC – Industry, NGOs and cities call for urgent action on vehicle safety standards
iNews – Urgent calls to improve minimum vehicle safety standards
Choice Quotes – Call for the introduction of new car safety standards