,

Обнова на полиси за осигурување од автомобилска одговорност

Овде може да прочитате како во неколку чекори, да направите обнова на полисата за осигурување од автомобилска одговорност на вашите возила во Триглав Осигурување.

Полисите, електронски можете ги обновите најрано 30 дена пред истекот. Доколку обновата ја правите по истекот на полисата, за почеток на времетраењето на полисата се смета датумот по денот на обновата. Во случај кога обновата ја правите година дена и повеќе по истекот на полисата, не следуваат редовните бонуси за обнова на полисата за автоодговорност.

Ризикот кршење на стакла електронски можете да го обновите само во случај кога:

  • полисата која што истекува била издадена од Триглав Осигурување,
  • овој ризик бил вклучен во полисата која што истекува и
  • полисата не е истечена.

Осигурување од кршење на стакла, автомобилска асистенција, каско осигурување и осигурување на возилото во странство-зелен картон, можете да склучите во најблиското продажно место на Триглав Осигурување.

Преку веб страната имате можност да направите електронска обнова на полисата за автомобилска одговорност, без оглед дали сте физичко или правно лице и доколку имате:

  • валидна платежна картичка на Visa или MasterCard,
  • пристап до валидна адреса за електронска пошта и
  • можност за печатење на полисата.

Потврдата за извршеното плаќање, обновената полиса за автомобилска одговорност и Условите за осигурување ќе Ви бидат пратени на Вашата адреса за електронска пошта.

ЗАДОЛЖИТЕЛНО:

За регистрирање на возило, на шалтерот на МВР во станиците за технички преглед задолжителен е отпечатен примерок од полисата за осигурување од автомобилска одговорност, потпишан од страна на договорувачот на осигурувањето.

За корисничка поддршка во врска со обновата на полисата можете да се јавите на телефонскиот број 02/6133-010, или да пишете на електронската адреса obnova-ao.poddrska@triglav.mk (понеделник – петок 08-19 часот, сабота 08-13 часот)

Доколку податоците од претходната полиса не се веќе валидни, или има потреба од промена, или прекин на полисата, како и за сите други дополнителни информации, контактирајте го вашиот агент за осигурување, пишете ни на електронската адреса info@triglav.mk, или пак посетете некое од нашите продажни места.

Обновете ја полисата ТУКА.

Здравствено-патничко осигурување

Обнова на полиси за осигурување од автомобилска одговорност