,

Здравствено-патничко осигурување

Привлечноста во патувањата лежи во потребата од запознавање нови култури, средба со неверојатни архитектури, уживање во уметност и желбата за повторно доаѓање. Бидете безбедни кога патувате.

ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ ВО СЛУЧАЈ НА ПОВРЕДА ИЛИ БОЛЕСТ ПРИ ПАТУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО?

Доколку настане осигурен случај, Ве молиме, без одлагање обратете се на нашиот партнер за асистенција, Europe Assistance, кој нуди 24- часовна поддршка и пријавете го Вашиот случај на бројот подолу:

Телефон: +381 11 41 44 102

При повикот, потребно е да ги дадете следните инфомации:

  • Лични податоци,
  • Број на полиса и пасош (копија од полиса, пасош, или евиденциски лист, доколку патувањето е во Р. Грција),
  • Опис на здравствениот проблем,
  • Ваша моментална контакт адреса и телефон.

Задолжително е случајот навремено и без одлагање да го пријавите на Europe Assistance, за да Ве упатат во соодветна здравствена установа, со цел добивање на лекарска помош, или да Ви обезбедат друг тип на асистенција (репатријација, или организирање на превоз во случај на смрт). Во спротивно, доколку не го пријавите случајот на Асистенцијата, или не ги следите нејзините инструкции, Осигурувачот има право да се ослободи од својата обврска за надомест, или истата да ја намали до износ кој може да изнесува најмногу до 300 евра во денарска противвредност. Со навременото пријавување на осигурениот случај на Асистенцијата и следење на нејзините инструкции ќе спречите Ваше изложување на трошоци настанати од осигурениот случај, односно истите ќе бидат надоместени на здравствената установа директно од страна на Асистенцијата.

Доколку Вашата полиса предвидува сопствено учество во штета – франшиза, при надоместување на лекарските трошоци се пониски од франшизата тогаш Триглав Осигурување АД нема обврска за исплата.

ВИДОВИ ПОКРИТИЈА

Здравственото-патничко осигурување на Триглав Ви овозможува покритие на:

  • трошоци за лекување од ненадејна болест и незгода до 30.000 евра;
  • трошоци за итна стоматолошка интервенција дo 150 евра;
  • трошоци за транспорт на осигуреникот во матичната земја во висина од 3.600 еур, 2.400 еур и 7.200 еур а во зависност од полисата за осигурување ;
  • трошоци во висина од 200 евра за купување на неопходни работи, поради авионско доцнење на багаж повеќе од 20 часа.

Сигурноста за време на патувањето е од особено значење, имајќи предвид дека географската одредница не е пресудна за Вашата безбедност, туку патничкото осигурување коешто е секогаш со Вас.

Преку патничкото осигурување, Триглав Осигурување во секое време се грижи за Вас. Во случај на потреба од лекарска помош обратете се на нашата асистенција Europ Assistance Hungary KTF. Можете да ги добиете на бројот + 381 11 41 44 102 или да испратите факс на бројот +381 11 411 99 99 (или на e-mail operationsr@europ-assistance.hu)

КУПЕТЕ ОНЛАЈН ПОЛИСА

Првата миризлива MasterCard® дебит бесконтактна картичка

Здравствено-патничко осигурување