Доколку имате базен во вашиот двот сигурно ги знаете благодетите од него особено за време на летните горештини. Но, за да можете да уживате во него, потребно е да го одржувате во текот на целата година.
Ако сте му го посветиле потребното внимание на базенот преку зимата, постапката за подготовка за отворање на базенот ќе се одвива многу полесно. Снегот и дождот може да го зголемат нивото на водата или да ја потопат заштитната покривка.
Потешките гранки или слични отпадоци пак паднати на покривката добро е веднаш да се отстранат, а не да се чека летото.Отворањето на базенот е всушност обратна постапка од затворањето на базенот за во зима.
Еве ги чекорите кои треба да ги преземете за вашиот базен да биде во топ форма.
– Oтстранeте ги лисјата и отпадоците од заштитната прекривка на базенот. Покривката треба добро да се исчисти и исуши и да се чува до следната есен.
– Направете едноставен тест за pH на водата со употреба на соодветни хемикалии.
– Додадете свежа вода за да се дополни базенот до бараното ниво.
– Направете визуелна, финална проверка на целата опрема од нечистотии и отпадоци.
– Исчистете го дното на базенот од паднати гранки и отпадоци со специјални собирачки.
– Стартувајте ја пумпата и филтерот со цел водата со додадените хемикалии да може да циркулира.
– Додадете хлор во точно одредена количина и потоа да ја оставите водата да циркулира преку ноќ.
– Додадете алгицид кој ги уништува постоечките алги и штити од создавање на нови.
На крај пред првото капење проверете ја и температурата на водата за не се изненадите непријатно. 🙂