Новогодишната атмосфера е директно поврзана со маркетинг.
Целата таа носталгија, среќа, исчекување на новите нешта во животот, без разлика колку се природни – толку повеќе се засилени со целиот новогодишен маркетинг концепт пласиран од маркетинг агенциите.
Интересно е кога можеме преку едноставни алатки, да создаваме позитивни чувства кои доведуваат до повисока маркетинг вредност.
Искористете го моментот во овој период од годината, потребно ви е малку време и многу креативност. Почитувајте ги вашите клиенти и потрошувачи, посакајте им најдобри желби, зачувајте го вашето место близу до нив.
Денес Ви предлагаме неколку совети и директни, едноставни маркетинг стратегии кои можете да ги поврзете со целата новогодишна магија.
- Испратете е-пошта за Нова Година;
- Преобликувајте го вашиот дизајн преку кој сте препознатливи, во новогодишен дух;
- Обликувајте ги вашите содржини согласно новогодишата енергија;
- Подарувајте;
- Потенцирајте ја вашата општествена одговорност;
- Направете забава, поканете ги вашите соработници и …
… Очекувајте ги новите работни задачи во 2019 година.
Нам ни преостануваат уште неколку обврски за да бидеме целосни во исполнувањето на овие новогодишни маркетинг стратегии. 😊
https://www.facebook.com/MyMarketing.mk/
http://mymarketing.com.mk/
http://mydigitalworld.mk/mk/