Покрај временскиот интервал определен со законот, за пневматиците зимата започнува во моментот кога температурата ќе падне под 7 Целзиусови степени. Во овие климатски услови потребно е користење на посебно дизајнирани пневматици за таа намена.
Гумата е единствениот контакт со патот. Од нејзиниот избор според периодот од годината, од нејзиниот квалитет и исправност зависи и безбедноста на патот.
– Материјалот од кој што се изработени зимските пневматици има додатно силика која ја зголемува неговата еластичност на температури под 7 степени, а воедно и ја подобрува ефикасноста во управување на возилото;
– Зимските пневматици имаат подлабок дезен и пет пати повеќе ламели кои се однесуваат како илјада мали канџи кои се држат за патот;
– Поради својот карактеристичен дезен, зимските пневматици полесно ја исфрлаат водата и овозможуваат оптимално лежење на патот во зимски услови на возење;
– Поголема допирна површина на пневматикот која во текот на возењето создава вакум и не дозволува пролизгување на пневматикот, што е особено важно во услови на влажен пат и при ниски температури;
– Илустративно, разликите при користење на летни и зимски пневматици во зимски услови на возење се следниве:
– Патот на кочење при брзина од 50 км/ч со летни пневматици на температури под 7 степени е долг 57 м.
– Патот на кочење при брзина од 50 км/ч со зимски пневматици на температури под 7 степени е долг 42 м.
– Патот на кочење при брзина од 50 км/ч со летни пневматици на влажен пат е долг 44 м.
– Патот на кочење при брзина од 50 км/ч со зимски пневматици на влажен пат е долг 36 м.
🚗 Најголем избор на опрема за Вашиот автомобил 🏁
За тие што сеуште не веруваат во зимските пневматици и сметаат дека нивните летни гуми се посебно лепливи за снегот и мразот , погледнете го видеото подолу