, , ,

Триглав автомобилска асистенција

 

Автомобилската асистенција на Триглав Осигурување, е услуга во рамките на автомобилско и/или каско осигурување која на клиентите им нуди заштита и поддршка кога им е најмногу потребна.

ШТО Е АВТОМОБИЛСКА АСИСТЕНЦИЈА?

Триглав автомобилска асистенција нуди 24-часовна поддршка во Македонија и во земјите од Европа, коишто спаѓаат во системот на зелена карта. Асистенцијата е наменета за сите видови на моторни возила и мотоцикли.

Триглав автомобилска асистенција овозможува поддршка, којашто опфаќа услуги, значајни во моменти кога се соочуваме со проблеми во сообраќајот:

Грижа за возилото

  • Помош дома и на пат
  • Помош во случај на проблем со клучевите од осигуреното возило
  • Извлекување на возилото
  • Влечење, или пренос на возилото
  • Достава на гориво
  • Организирање пренос на поправеното возило

Грижа за клиентот

  • Превоз на клиентот
  • Заменско возило
  • Хотелско сместување
  • Заменски возач во странство
  • Помош во случај на смрт во странство
  • Посета на роднини на повредениот осигуреник во странство
  • Придружба на малолетен клиент

Триглав обезбедува три пакети на автомобилска асистениција, коишто се разликуваат според услугите опфатени во пакетот:

  • Триглав автомобилска асистенција основен пакет
  • Триглав автомобилска асистенција плус
  • Триглав автомобилска асистенција комфорт

ТРИГЛАВ КОМФОРТ АСИСТЕНЦИЈА ЗА СИТЕ ЗАИНТРЕСИРАНИ

Триглав воведе нова можност, автомобилска асистенција Комфорт за сите заинтересирани клиенти. Единствен услов е да имате активна полиса за автомобилска одговорност за вашето возилото, од која било осигурителна компанија.

КАКО ДА ЈА ПОВИКАТЕ ТРИГЛАВ АВТОМОБИЛСКА АСИСТЕНЦИЈА?

  • Доколку штетниот настан се случи во Македонија, јавете се на бесплатниот телефонски број 0800 16 206, или пак на претплатничкиот број 02 511 62 06*
  • Во случај на штетен настан во странсво јавете се на телефонски број +389 2511 62 06**

*За повиците од Македонија на претплатничкиот број важат тарифите за локални појдовни повици на мобилниот оператор.

**За повиците од странство важат тарифите на роаминг услугите по тарифа на мобилниот оператор.

Подетални информации за пакетите (цени и поволности) може да видите ТУКА

За сите дополнителни информации обратете се на e-mail адресата: asistencija@trilgav.mk.

EOS Matrix Macedonia ве поканува на првиот Finance Talks

Триглав автомобилска асистенција