,

ВЕРИЖЕН СУДАР: КОЈ Е ВИНОВЕН?

Образложуваме зошто во верижен судар е тешко да се дознае кој е виновен.

Најтешките сообраќајни незгоди, што резултираат со големи материјални штети, во кои што можат да бидат загрозени животи, често се резултат на верижен судар. Полицијата објаснува дека најчести причии се малото растојание помеѓу автомобилите, неприлагодена брзина на возење, условите на патот и лошите временски услови. Верижениот судар може да биде и посложен. Во такви случаи тешко е да се утврди кој е виновен. Ова, во голема мера влијае на исплата на надомест на штета.

Како се истражува верижниот судир?

Истражувањето на верижниот судир, е слично на истрагата за сите други сообраќајни незгоди, се одвива така што полицијата ги собира, документира и анализира податоците за курсот, причините и последиците на настаните.

Полицијата истакнува дека секоја незгода е различна, дури и кога се случува на истото место и како резултат на истите причини. Тука, секогаш е присутен непредвидливиот човечки фактор.

Истрагата завршува тогаш, кога ќе се знаат одговорите на сите основни прашања.

Како осигурителните компании го решаваат проблемот?

Осигурителната компанија првично мора да ги почека информациите од полицијата. Штетата се исплаќа веднаш по идентификување на одговорниот соучесник во незгодата. Секоја поединечна штета на секое поединечно возило се проценува и потоа се утврдува кој е одговорен за секој дел од штетата.

Важно е да се утврди во која осигурителна компанија е осигурано секое возило и да се утврди кој е одговорен во конкретната ситуација. Овие постапки можат да бидат многу долги. Особено комплицирано е ако во судирот се најдат возила со странски регистарски таблички, коишто се осигурени од странски осигурителни компании.

Што може да помогне?

Пред сé, не треба да се потпрете на изјавите од учесниците, бидејќи можат да ги прикријат и изменат информациите во нивна корист, или пак да не можат  доволно добро да ја проценат ситуацијата.
Доколку вие се најдете како учесник во таква ситуација, најдобро е да следите неколку чекори.
Прво, треба да направите сѐ што можете, да ја смирите ситуацијата, со тоа што ќе се погрижите за самите себе и за останатите учесници во незгодата и ќе пробате да помогнете каде што е најмногу потребно.

Потоа, потребно е да се пополни Европскиот извештај за незгода, но тој може да е проблематичен доколку се наоѓате во лоши временски услови, или пак не знаете што точно се случило.Изјави од сведоци се секогаш добредојдени, исто како и слики, или видео снимки, со кои што полесно би се утврдила причината и одговорноста во незгодата.

За да избегнете верижни судири, се препорачува  внимателно  возење, придржување кон дозволената брзина и да одржување доволно растојание меѓу вас и останатите возила во сообраќајот.


АВТОМОБИЛСКА ОДГОВОРНОСТ

Осигурувањето од автомобилска одговорност е задолжителен вид осигурување, неопходно пред да се вклучите со возилото во сообраќај.

Износот на годишната премија зависи од видот на моторното возило. На пример, кај патничките возила, висината на годишната премија зависи од силата на моторот (кв), кај товарните возила од носивоста во тони, додека кај автобусите од бројот на седишта и др.

Износот на премијата со текот на годините се намалува, доколку за времетраењето на полисата не предизвикате материјални или нематеријални штети кон трети лица. Доколку сте предизвикале штети кон трети лица во времетраењето на полисата, при нејзино обновување износот ќе се зголеми без оглед во која компанија ќе продолжите да користите осигурување од автомобилска одговорност.

Штетата, чиј причинител сте Вие, се пријавува во нашата компанија од страна на оштетеното лице, и се води како обврска на Триглав Осигурување согласно законски утврдените ограничувања на осигурителното покритие, коишто се наведени на задната страна од полисата за осигурување.

Полисата за авто-одоговорност можете да ја дополните со:

8 СОВЕТИ ЗА БЕЗБЕДНО ВОЗЕЊЕ НА ДОЖД

ВЕРИЖЕН СУДАР: КОЈ Е ВИНОВЕН?