,

ПРЕД ДА ПОЗАЈМИТЕ АВТОМОБИЛ

Одговараме на прашања поврзани со одговорноста и што е потребно да знаете пред да го позајмите некому вашето возило.

Не ретко се случува на пријател да му го позајмите вашиот автомобил. Пред да го сторите тоа, важно е вие и вашиот пријател да бидете информирани кои се последиците доколку се направи сообраќаен прекршок, се предизвика сообраќајна незгода, или се оштети автомобилот. Во прилог прочитајте неколку корисни совети, кои што ќе ви помогнат вам, но и на вашиот пријател, а во исто време ќе се осигурите себе си и возилото од потенцијални проблеми.

Вашиот пријател возел со неприлагодена брзина. Кому ќе биде изречена казната?

  • Доколку сте го позајмиле автомобилот на пријател, кого го застанува полиција за неприлагодена брзина, кој е виновен?

За прекршок е секогаш одговорно лицето кое е на возачкото седиште. Кога полицијата го застанува возилото, казната ја плаќа возачот, без разлика на сопственоста на возилото.

  • Автомобилот сте го позајмиле на вашиот пријател и тој веќе ви го вратил. Неколку дена подоцна добивате по пошта уплатница-казна. Вашиот пријател го има на радар, со неприлагодена брзина, што значи направил прекршок.

Во овој случај виновен е возачот. Меѓутоа, во тој момент возилото не било сопрено од страна на полицијата, туку е издадена казна. Ако не е возможно да се утврди кој го направил прекршокот и вашиот пријател не го признава делото, казната ќе биде изречена на сопственикот на возилото.

Вашиот пријател предизвикал сообраќајна несреќа. Која е казната за овој прекршок?

Јасно е дека за прекршокот е одговорен возачот, но само во случаи кога е возможно да се утврди и докаже кој бил возач во моментот на незгодата. Ако не е возможно да се утврди кој е сторител, казната ќе биде изречена на сопственикот на возилото.

Дали има потреба од потврда дека возилото е позајмено, а не украдено?

Не, полицијата не бара таков вид на потврда.

Кои документи се потребни доколку вашиот пријател со вашиот автомобил премине државна граница?

Во овој случај возачот мора да ги поседува следните документи:

  • за возилото потребни се сообраќајна дозвола и зелена карта, која што е меѓународна потврда за осигурување од автомобилска одговорност,
  • за возачот потребни се полномошно за управување со туѓо моторно возило, возачка дозвола, меѓународна возачка дозвола и пасош.

Што се случува со осигурувањето?

Автомобилот сте го позајмиле и предизвикана е сообраќајна незгода. Каква е ситуацијата со автомобилското осигурување?

Осигурувањето од автомобилска одговорност е поврзано со возилото, а не со сопственикот. Тоа покрива штета која што возачот ја предизвикува со останатите учесници во сообраќајната незгода, поточно, покрива материјална штета, настаната на возилото и нематеријална штета (телесни повреди, смрт) која што во сообраќајната незгода ја претрпела трета личност.

Кај каско осигурувањето, без оглед дали станува збор за сопственикот на возилото, или за лицето кое го позајмило возилото, надомест на штета не следува доколку возачот е под дејство на алкохол, или други опојни средства, како и во случај кога не се поседува важечка дозвола за соодветното возило.


АВТОМОБИЛСКА ОДГОВОРНОСТ

Осигурувањето од автомобилска одговорност е задолжителен вид осигурување, неопходно пред да се вклучите со возилото во сообраќај.

Износот на годишната премија зависи од видот на моторното возило. На пример, кај патничките возила, висината на годишната премија зависи од силата на моторот (кв), кај товарните возила од носивоста во тони, додека кај автобусите од бројот на седишта и др.

Износот на премијата со текот на годините се намалува, доколку за времетраењето на полисата не предизвикате материјални или нематеријални штети кон трети лица. Доколку сте предизвикале штети кон трети лица во времетраењето на полисата, при нејзино обновување износот ќе се зголеми без оглед во која компанија ќе продолжите да користите осигурување од автомобилска одговорност.

Штетата, чиј причинител сте Вие, се пријавува во нашата компанија од страна на оштетеното лице, и се води како обврска на Триглав Осигурување согласно законски утврдените ограничувања на осигурителното покритие, коишто се наведени на задната страна од полисата за осигурување.

Полисата за авто-одоговорност можете да ја дополните со:

ВЕРИЖЕН СУДАР: КОЈ Е ВИНОВЕН?

ПРЕД ДА ПОЗАЈМИТЕ АВТОМОБИЛ