,

ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИМЕ ДОКОЛКУ АВТОМОБИЛОТ НИ ЗАГЛАВИ ВО СНЕГ?

Деновиве сме сведоци на студено време и обилни врнежи на снег, кои дополнително ги отежнуваат условите во сообраќајот. Во продолжение ви нудиме неколку совети, како да возите побезбедно и што да направите доколку автомобилот ви заглави во снег:

  • Прво, препорачуваме во текот на овие зимски денови Вашиот автомобил да биде соодветно опремен за снег,неопходни се зимските пневматици, функционални брисачи и течност за перење на шофершајбната, која што не замрзнува на температури под нулата, метличка за снег, како и стругач за мраз. Кутија со сол, исто така би можела да биде дел од вашата зимска опрема.
  • Доколку сепак ви се случи автомобилот да заглави во снег, избегнувајте нагли движења. Намалете ја брзината и обидете се наизменично да ја ставата рачката на менувачот во прва брзина и во рикверц, поместувајќи го возилото полека напред-назад, додека не се извлечете од снегот.
  • Можете да налетате на различни видови на снег, кој што различно ќе влијае на контролата кај секој пневматик.Лапавица и тежок, влажен снег можат брзо и лесно да се претворат во ледена платформа. Сувиот, нов снег, па и снегот врз кој што претходно се возело имаат други својства и бараат поинакво возење. На контролата и зафатнината на пневматиците влијае и димензијата на истите, тесните пневматици во снегот се снаоѓаат подобро отколку широките.
  • Понекогаш и средствата за одмрзнување, или миење на стаклото од автомобилот можат да послужат за топење на снегот околу пневматиците од автомобилот.
  • Сигнализирајте дека сте заглавени на патот, поставете соодветен триаголник.
  • Доколку не успеете да тргнете, побарајте помош, а додека дојде влечна служба, останете внатре во автомобилот.
  • Не заборавајте, услугата Триглав автомобилска асистенција на пат е достапна за клиентите на Триглав Осигурување, корисници на автомобилско и/или каско  осигурување. Одберете еден од трите пакети на услуги и добивате поддршка 24/7. Доколку штетниот настан се случи во Македонија, јавете се на бесплатниот телефонски број 0800 16 206, или пак на претплатничкиот број 02 511 62 06.

Во случај на штетен настан во странство јавете се на телефонски број +389 2511 62 06.


АВТОМОБИЛСКА ОДГОВОРНОСТ

Осигурувањето од автомобилска одговорност е задолжителен вид осигурување, неопходно пред да се вклучите со возилото во сообраќај.

Износот на годишната премија зависи од видот на моторното возило. На пример, кај патничките возила, висината на годишната премија зависи од силата на моторот (кв), кај товарните возила од носивоста во тони, додека кај автобусите од бројот на седишта и др.

Износот на премијата со текот на годините се намалува, доколку за времетраењето на полисата не предизвикате материјални или нематеријални штети кон трети лица. Доколку сте предизвикале штети кон трети лица во времетраењето на полисата, при нејзино обновување износот ќе се зголеми без оглед во која компанија ќе продолжите да користите осигурување од автомобилска одговорност.

Штетата, чиј причинител сте Вие, се пријавува во нашата компанија од страна на оштетеното лице, и се води како обврска на Триглав Осигурување согласно законски утврдените ограничувања на осигурителното покритие, коишто се наведени на задната страна од полисата за осигурување.

Полисата за авто-одоговорност можете да ја дополните со:

ПРЕД ДА ПОЗАЈМИТЕ АВТОМОБИЛ

ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИМЕ ДОКОЛКУ АВТОМОБИЛОТ НИ ЗАГЛАВИ ВО СНЕГ?