,

ГАРАЖИРАЊЕ НА МОТОЦИКЛОТ ЗА ВРЕМЕ НА ЗИМСКИОТ ПЕРИОД

И покрај сувите есенски денови, дојде време кога мотоциклите треба да ги пратиме на зимски одмор. Пред да го сместите мотоциклот во гаража, треба да му посветите малку внимание, како наредната сезона би бил подготвен за нови пролетни авантури.

Погрижете се за акумулаторот

Поновите генерации на мотоцикли, во голема мера зависат од електричната енергија, затоа препорачуваме да се посвети поголемo внимание при проверка на акумулаторот. Често по подолга зимска пауза, моторот има потешкотии при првото палење, а тоа претставува и првичен удар за акумулаторот. Поради тоа за време на зимската пауза препорачливо е да набавите полнач, кој ќе го полни акумулаторот додека е во состојба на мирување. Кога купувате полнач, бидете внимателни, набавeте некој веќе проверен и сигурен полнач. Недоверлив полнач може да се прегрее и да доведе до краток спој, што може да предизвика пожар во комбинација со полн резервоар на гориво.

Како да ги заштитите гумите?

Кај помоќните мотоцикли, претежно животниот век на гумите е пократок. Препорачуваме гумите да ги замените пред почетокот на зимата. На овој начин, ќе бидете веднаш подготвени за првото пролетно возење.

Деталите се исто така важни

За одржувањето на мотоциклот во текот на зимата, прочитајте го и упатството со препораки од произведувачот. Деталите во упатствата се исто така важни и треба да ги применуваме, во спротивно може да се случат одредени незгоди. Постои можност доколку во текот на зимата резревоарот за гориво го оставите празен, тој да почне да корозира, и ‘рѓата да стигне до карбураторот. Во таква ситуација мотоциклот може да застане за време на возење. Поради тоа препорачуваме мотоциклот да презими со полн резервоар гориво.

Обрнете внимание на опремата

Оделото за мотоцикл, пред да го складирате добро исушете го. Во тек на зимскиот период редовно проветрувајте ја просторијата каде што е сместена опремата, бидејќи влагата е извор на мувла. Доколку забележите мувла на оделото, можете да ја отстраните со 96% алкохол натопен на ткаенина. Алкохолот можете да го набавите во аптека.


АВТОМОБИЛСКА ОДГОВОРНОСТ

Осигурувањето од автомобилска одговорност е задолжителен вид осигурување, неопходно пред да се вклучите со возилото во сообраќај.

Износот на годишната премија зависи од видот на моторното возило. На пример, кај патничките возила, висината на годишната премија зависи од силата на моторот (кв), кај товарните возила од носивоста во тони, додека кај автобусите од бројот на седишта и др.

Износот на премијата со текот на годините се намалува, доколку за времетраењето на полисата не предизвикате материјални или нематеријални штети кон трети лица. Доколку сте предизвикале штети кон трети лица во времетраењето на полисата, при нејзино обновување износот ќе се зголеми без оглед во која компанија ќе продолжите да користите осигурување од автомобилска одговорност.

Штетата, чиј причинител сте Вие, се пријавува во нашата компанија од страна на оштетеното лице, и се води како обврска на Триглав Осигурување согласно законски утврдените ограничувања на осигурителното покритие, коишто се наведени на задната страна од полисата за осигурување.

Полисата за авто-одоговорност можете да ја дополните со:

ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИМЕ ДОКОЛКУ АВТОМОБИЛОТ НИ ЗАГЛАВИ ВО СНЕГ?

ГАРАЖИРАЊЕ НА МОТОЦИКЛОТ ЗА ВРЕМЕ НА ЗИМСКИОТ ПЕРИОД