,

КАКО ДА ГО ПОДГОТВИТЕ АВТОМОБИЛОТ ЗА ЗИМА?

Доколку планирате продолжениот викенд што следи да го искористите за патување во некои снежни предели, подгответе го Вашиот автомобил за зимски услови.

Во продолжение ви нудиме неколку совети кои ќе ви помогнат да проверите дали автомобилот е подготвен за временските услови што следат:

  • Однесете го автомобилот на автомеханичар, кој ќе ги провери акумулаторот, нивото на течноста за раладување, термостатот, кочниците и исправноста на греачите на задните прозори,
  • Извршете проверка на исправноста на пневматиците, како и на воздушниот притисок, проверете дали истиот е соодветен за нив,
  • Проверката на сите светла е задолжителна,
  • Снабдувањето со течност за миење на ветробранското стакло треба да се адаптира на ниските температури,
  • Проверете ги четкичките на бришачите,
  • Солта или песокот со која се посипуваат улиците во зимскиот период, може лесно да го оштети вашиот автомобил, затоа за време на зимата се препорачува почесто перење на автомобилот,
  • Не заборавајте дека, од 15-ти ноември започнува да важи Законот за задолжителна зимска опрема во која спаѓаат зимските пневматици и ланците за снег, бидете навремено подготвени. Препорачуваме да се снабдите и со дополнителна зимска опрема во која спаѓаат мраз – стругалка за  стакло, спреј за одмрзнување, лопата за снег, метла и слично.

Во случај на проблем на пат, Триглав автомобилската асистенција за сите нејзини корисници нуди 24-часовна поддршка во Македонија и во скоро сите земји од Европа, коишто спаѓаат во системот на зелена карта. Асистенцијата е наменета за повеќето видови на моторни возила и моторцикли.

На следниот линк прочитајте повеќе за тоа кои услуги ги покрива Триглав автомобилска асистенција http://www.triglav.mk/mk/osiguruvanje/fizicki-lica/osiguravanje-na-motorni-vozila/triglav-avtomobilska-asistencija


АВТОМОБИЛСКА ОДГОВОРНОСТ

Осигурувањето од автомобилска одговорност е задолжителен вид осигурување, неопходно пред да се вклучите со возилото во сообраќај.

Износот на годишната премија зависи од видот на моторното возило. На пример, кај патничките возила, висината на годишната премија зависи од силата на моторот (кв), кај товарните возила од носивоста во тони, додека кај автобусите од бројот на седишта и др.

Износот на премијата со текот на годините се намалува, доколку за времетраењето на полисата не предизвикате материјални или нематеријални штети кон трети лица. Доколку сте предизвикале штети кон трети лица во времетраењето на полисата, при нејзино обновување износот ќе се зголеми без оглед во која компанија ќе продолжите да користите осигурување од автомобилска одговорност.

Штетата, чиј причинител сте Вие, се пријавува во нашата компанија од страна на оштетеното лице, и се води како обврска на Триглав Осигурување согласно законски утврдените ограничувања на осигурителното покритие, коишто се наведени на задната страна од полисата за осигурување.

Полисата за авто-одоговорност можете да ја дополните со:

ГАРАЖИРАЊЕ НА МОТОЦИКЛОТ ЗА ВРЕМЕ НА ЗИМСКИОТ ПЕРИОД

КАКО ДА ГО ПОДГОТВИТЕ АВТОМОБИЛОТ ЗА ЗИМА?