Научниците како Д-р Seeger и професорот Wagner направиле интензивни истражувања за важноста на десноротирачката млечна киселина за човековиот организам.
Млечната киселина спаѓа во групата на органски киселини со краток синџир. Во себе содржи 3 атоми јаглерод, 3 атоми кислород и 6 водородни атоми. Поради различните конфигурации на OH групите во однос на C2 атомот постојат два изомери на млечната киселина, кои поради тоа различно ја ротираат поларизираната светлина. Изомерите на млечната киселина се следните: • Десноротирачка L(+) • Леворотирачка D(-) Денес се произведува млечна киселина во многу големи размери со помош на култивирање на одредени бактерии и игра огромна улога за човековото здравје.
Симптоми на ацидоза на организмот
Физиолошко значење на млечната киселина во метаболизмот
И двете форми на млечната киселина може да се продуцираат во човековиот организам. Во здравите клетки со соодветна клеточна респирација се продуцира десноротирачка млечна киселина. Ова обично се случува во клетките на мсукулите во текот на извршување на некоја физичка активност, па поради тоа уште се нарекува и сарколактична киселина (Acidum sarcolacticum), која подоцна од мускулите преминува во телесната течност на организмот. Десноротирачката млечна киселина е способна да ја менува Ph вредноста во крвта, со што на тој начин учествува во борба против алкалоза. Леворотирачката млечна киселина ја инхибира покачената протеинска синтеза и пролиферацијата на клетките. Исто така има важна улога во процесите регенерација на клетките бидејќи тие можат да ја зголемат клеточната респирација за 35% преку активирањето на митохондриите. Леворотирачката млечна киселина се формира во клетките секогаш кога клеточниот метаболизам е нарушен и кога доаѓа до шеќерна ферментација. Ова е секогаш случај кога клетката е презаситена со шеќер, а истовремено има присуство на поголеми количини на ензими и недостаток на кислород. На овој начин формираната леворотирачка млечна киселина е цитотоксична и се складира во ткивата во форма на лактат, или пак се излачува преку бубрезите како рацемат.
Хормони на стрес.
Врската помеѓу стресот, хроничните болести и десноротирачката млечна киселина
При состојби на стрес, започнува екскреција на стрес хормоните адреналин и норадренали, кои се формираат од аминокислеините L-тирозин и L-фенилаланин. Адреналинот има краток полу-живот и брзо се распаѓа, додека нивото на норадреналин се задржува подолго време. Како резултат на долгорочен стрес снабдувањето со адреналин во организмот, се намалува, а како резултат на тоа тој почнува да се формира од надбубрежните жлезди. Сепак норадреналинот се продуцира во другите ткива како што се интестиналното (цревно) и сврзното ткиво, така што на тој начин се одржува покачено нивото на норадреналин подолго време. Норадреналинот не влијае врз снабдувањето со шеќер и предизвикува долгорочна стеноза на крвните садови, што може да резултира со недостаток на O2 за ткивата и генерално предизвикува зголемување на крвниот притисок. Адреналинот е одговорен за снабдувањето на сопственото тело со гликоза преку процесите на разложување на гликогенот. Тој предизвикува таканаречено треперење на мускулите или шиверинг, со цел да произведе десноротирачка млечна киселина, која за возврат го стимулира хромафинското ткиво на надбубржните жлезди. Сето ова допринесува за секреција на адреналин.
Инсулин
Улогата на инсулинот во организмот.
Хормонот инсулин претставува важен антагонист на адреналинот (и глукагонот). Кога се консумира високо калорична храна, голема количина од шеќерите се транспортираат до клетките и гликозата која не може да се искористи се складира во масните клетки во облик на масти. Луѓето кои се изложени на хроничен стрес (кој не може да се регулира со физичка активност), страдаат од остар пад во производството на адреналин од страна на надбубрежните жлезди. Доколку концентрацијата на гликоза во крвта се зголемува и покрај внесот (снабдувањето) на инсулин во организмот, доаѓа до состојба на инсулинска резистенција, а транспортот на шеќер внатре во клетките има токсично делување врз нивните клеточни мембрани. Телото се обидува да го регулира нивото на шеќер во крвта со помош на инсулин, се додека панкреасот не се исцрпи. Првично рапидното зголемување на јаглехидрати односно шеќери во крвта се спречува терапевтски преку земање орални медикаменти или пак со инјектирање на инсулин, се со цел да се избегне појава на хипергликемија.
Ферментативен метаболизам
RMS Biofrid
Доколку клетките во организмот се перманентно презаситени со глукоза, поради оштетување на митохондриите, може да се случи клетките да се обидат да се ослободат од вишокот на шеќер по пат на ферментација. Во текот на тој ферментативен процес доаѓа до формирање на токсична леворотирачка млечна киселина. Оваа D(-) – млечна киселина го зголемува митотичкиот индекс со фактор 6, при што на овој начин може да се создаде туморска клетка. Оваа клетка развива механизам кој ќе и помогне да ја исфрли токсичната супстанција, која потоа служи како заштитен ѕид на киселината. Имунолошките клетки имаат многу мали шанси за да ја надминат оваа бариера. Единствен начин за да се раскине овој заштитен ѕид е давањето на десноротирачка млечна киселина.
Наша препорака за профилакса и третман со десноротирачка млечна киселина е новиот производ на Биофрид – RMS Biofrid.
За консултации, препораки за дозирање во зависност од дијагнозата и совети побарајте ја г-ѓа Силвана Пехмолер, психотерапевт и терапевт по алтернативна медицина 070225775.