, ,

Во Општина Центар собираме Е – отпад од дома со Нула Отпад

Општина Центар во Соработка со Нула Отпад постави ЕКО ЗОНА во ГТЦ!

Нула Отпад со Градоначалникот на Општина Центар продолжуваат со голема акција за собирање на отпадна електрична и електронска опрема од домаќинствата и компаниите на територија на општината.

Современиот начин на живот наметнува постојано купување на нови електрични и електронски уреди, а со тоа исфрлање на старите, дотраени уреди. Од тука е  потребата на граѓаните и компаниите да имаат можност да се ослободат од старите уреди кои времето и технологијата прават да имаат краток век на траење, што директно придонесе денес да се постави ЕКО ЗОНА во Општина Центар, и тоа во срцето на општината во Градски Трговски Центар.

Ова е континуиран проект,  кој ќе се спроведува на територијата на Општина Центар, во соработка со урбаните заедници и колективен постапувач Нула Отпад од Скопје.

Електричниот и електронскиот отпад делуваат како нетоксичен отпад, но нивното несоодветно третирање, уништување и депонирање доведува до испуштање на тешки метали во воздухот, водата и почвата, кои што сериозно делуваат на здравјето на граѓаните и воопшто на квалитетот на животната средина. За таа цел организиравме систем за собирање на отпадот од домовите и компаниите, преку акција во сите урбани заедници.

Граѓаните и компаниите се пријавуваат кај Координаторите, наведувајќи каков тип и колку отпад поседуваат, по што колективниот постапувач, Нула Отпад ДОО Скопје, согласно списоците за евиденција за секоја урбана заедница, организира подигнување на отпадот, директно од домовите и компаниите на граѓаните, или едноставно директно пријавете се на ЕКО ЛИНИЈАТА 070 236 000 на Нула Отпад. Отпадот, понатаму безбедно се пренесува до фирма рециклатор, за понатамошна постапка.

Од 27.03.2018 граѓаните на Општина Центар како и сите граѓани кои го посетуваат Гратски Трговски Центар, имаат можност правилно да се ослободат од малите неисправни уреди од домот или компанијата и да се јават на ЕКО ЛИНИЈАТА, 070 236 000.

Нашиот план во блиска иднина е во сите институции кои се на територија на Општина Центар  да поставиме и садови кои се наменети за отпадни батерии, а со тоа да ја реализираме целта, здрава животна средина и здрав живот кој е основно право на секој жител на Република Македонија.

ВЕСЕЛА ЗГРАДА ВО УРБАНИОТ ХАОС НА СКОПСКО ДЕБАР МААЛО

Во Општина Центар собираме Е – отпад од дома со Нула Отпад