Денес е четврток, 9 ноември 2017 година, 313-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:09, а ќе зајде во 16:24 часот. Денот ќе трае 10 часа и 15 минути.
Ова утро во поголем дел од Македонија имаме претежно облачно време со вообичаени утрински температури за овој период од годината. Во крајните јужни и во југоисточните предели претежно ведро и посвежо време.
МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес во раните утринските часови ќе имаме појава на магла по котлините и долините на реките. Во текот на денот ќе биде умерено облачно време со повремени сончеви периоди, ветровито и малку потопло време со благ пораст на дневните температури. Во попладневните часови намалување на облачноста. Ќе дува доумерен слаб северозападен и западен ветер. Утринските температури од 2 до 10 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 9 односно до 18 степени.
СКОПЈЕ – Во Скопје во утринските часови појава на магла. Во текот на денот ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и малку потопло време. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 8 степени, а максималната дневна ќе достигне до 15 степени.
МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во петок постудено утро со пад на утринските температури кои што ќе бидат во опаѓање и ќе се движат од 0 до 9 степени а во текот на денот ќе биде умерено облачно време со повремени сончеви периоди и дневни температури од 10 до 19 степени. Во сабота и недела повторно дестабилизација на времето и ќе преовладува облачно и нестабилно време со врнежи од дожд и свежо време. Утринските температури од 3 до 12 односно од 4 до 13 степени, додека пак максималните дневни температури ќе се движат од 6 до 15 односно од 8 до 17 степени. Во понеделник во Македонија умерено облачно и нестабилно време со локални врнежи од дожд кои што во попладневните часови ќе престануваат. Утринските температури од 3 до 12 степени додека пак максималните дневни од 10 до 19 степени.
СКОПЈЕ 5 ДЕНА – Во Скопје во петок умерено облачно време со повремени сончеви периоди и потопло време со дневна температура до 16 степени. Во сабота и недела облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, ветровито и свежо време. Утринската температура од 9 односно 10 степени, додека пак максималната дневна температура ќе достигне до 12 односно до 14 степени. Во понеделник во утринските и претпладневните часови ќе биде умерено облачно време со врнежи од дожд кои што попладне ќе престануваат и ќе преовладува умерено облачно време со повремени сончеви периоди.