,

Временска прогноза – недела, 12 ноември

#spremnizapat #спремнизапат #weather4all #vremenskaprognoza #временскапрогноза

Во Македонија вчера имавме претежно облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, ветровито и релативно топло време за овој период од годината.

 

ЕВРОПА – Во недела под влијание на нестабилна воздушна маса, генерирана од центар на широко поле на низок воздушен притисокој кој што ќе се наоѓа над североисточна Европа, во најголем дел од стариот континент ќе преовладува умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд кои што ќе бидат проследени со засилен ветер со удари на ветер и до 90 км/ч, како и благ пад на температурите. Претежно сончево време со појава на локална облачност се очекуваат на Пиринејскиот полуостров, како и во делови од Апенинскиот и на југ од Скандинавскиот полуостров. Максималните температури низ главните европски градови ќе се движат од 3 до 21 степени.

 

БАЛКАН – На Балканскиот полуостров умерено облачно и нестабилно време со локални врнежи од дожд, ветровито и релативно топло време за овој период од годината со максимални дневни температури кои што ќе се движат во интервал од 12 до 20 степени. Поинтензивни врнежи се очекуваат во вечерните часови во северните предели.

 

МАКЕДОНИЈА – Во утринските и раните претпладневни часови во западните и северозападните предели нестабилно време со врнежи од дожд кои што во попладневните часови ќе престанат и ќе преовладува умерено облачно време со повремени сончеви периоди и ветровито време. Во останатите предели во текот на целиот ден ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и ветровито време. Ќе дува засилен југоисточен и југозападен ветер кој ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Минималните температури од 4 до 12 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 11 односно до 19 степени.

 

🚗 Најголем избор на опрема за Вашиот автомобил 🏁

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во понеделник претпладне ќе биде умерено облачно време со повремени сончеви периоди, попладне нестабилно време со врнежи од дожд и топло време. Утринските температури од 2 до 10 степени, додека пак дневните од 12 до 20 степени. И во вторник во Македонија ќе преовладува умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд и малку посвежо време со благ пад на дневните температури кои што ќе достигнат до 10 односно до 18 степени. Во среда и четврток под влијание на Медитарански циклон ќе преовладува претежно облачно и нестабилно време со поинтензивни врнежи од дожд, ветровито и посвежо време со пад на температурите, а на планините над 2000 метри се очекуваат и врнежи од снег. Утринските од 2 до 10 степени, додека пак дневните од 6 до 14 степени.

 

СКОПЈЕ 5 ДЕНА – Во Скопје во понеделник умерено облачно со повремени сончеви периоди и топло време. Доцна попладне и навечер со услови за локални врнежи од дожд и дневна температура до 18 степени. Во вторник претпладне ќе биде умерено облачно време со повремени сончеви периоди, попладне нестабилно време со врнежи од дожд и посвежо време со температура до 16 степени. Во среда и четврток облачно време со поинтензивни врнежи од дожд, ветровито и свежо време со пад на дневната температура која што ќе достигне до 12 степени.

АМСМ услуги – состојба на патишта и гранични премини Недела 12 НОЕМВРИ 2017

Временска прогноза – недела, 12 ноември