,

Временска прогноза – понеделник, 13 ноември

#spremnizapat #спремнизапат #weather4all #vremenskaprognoza #временскапрогноза

ЕВРОПА – Во понеделник над Апенинскиот и Балканскиот полуостров ќе се наоѓа широко поле на низок воздушен притисок што ќе услови нестабилно време со врнежи од дожд и ветровито време, а на планините со врнежи од снег. Локални врнежи од дожд се очекуваат во југоисточните и источните предели на Европа. Стабилно време со сончеви периоди се очекуваат во западна, северозападна и северна Европа со температури кои што ќе бидат во опаѓање и температури кои што ќе бидат под вообичаениот просек за овој период од годината. Максималните температури низ главните европските градови ќе се движат од 2 до 19 степени.

 

БАЛКАН – На Балканскиот полуостров ќе биде умерено облачно и нестабилно време со поинтензивни врнежи од дожд, ветровито и свежо време со температури кои што ќе бидат во опаѓање. На планините се очекуваат врнежи од дожд, а во северните предели на полуостровот врнежите од снег ќе бидат и во ридско-планинските предели. Максималните дневни температури ќе се движат од 2 до 19 степени.

🚗 Најголем избор на опрема за Вашиот автомобил 🏁

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија во понеделник во утринските и претпладневните часови ќе биде умерено облачно време со повремени сончеви периоди, ветровито и топло време. Попладне и навечер нестабилно време со слаби врнежи од дожд. Врнежите од дожд ќе изостанат во јужните и еден дел од централните предели. Ќе дува доумерен засилен јужен и југоисточен ветер. Минималните температури од 2 до 10 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 12 односно до 20 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во вторник ќе преовладува умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд и малку посвежо време со благ пад на дневните температури кои што ќе достигнат до 10 односно до 18 степени. Во среда и четврток под влијание на Медитарански циклон ќе преовладува претежно облачно и нестабилно време со поинтензивни врнежи од дожд, ветровито и посвежо време со пад на температурите, а на планините над 2000 метри се очекуваат и врнежи од снег. Утринските од 2 до 10 степени, додека пак дневните од 6 до 14 степени.  Врнежите од дожд ќе продолжат и во петок кога во текот на денот ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд и свежо време со дневни температури кои што ќе се движат во интервал од 7 до 15 степени.

СКОПЈЕ 5 ДЕНА – Во Скопје во вторник претпладне ќе биде умерено облачно време со повремени сончеви периоди, попладне нестабилно време со врнежи од дожд и посвежо време со температура до 16 степени. Во среда и четврток облачно време со поинтензивни врнежи од дожд, ветровито и свежо време со пад на дневната температура која што ќе достигне до 12 степени. Облачно со врнежи од дожд во Скопје и во петок кога дневната температура ќе достигне до 13 степени.

Временска прогноза – недела, 12 ноември

Временска прогноза – понеделник, 13 ноември