,

Временска прогноза – петок, 10 ноември

#spremnizapat #спремнизапат #weather4all #vremenskaprognoza #временскапрогноза

Во Македонија денес во претпладневните часови имавме умерено облачно време со повремени сончеви периоди, попладне намалување на облачноста и повеќе сончеви периоди кои што услови претежно сончево време. Во текот на ноќта четврток кон петок појава на магла.

ЕВРОПА – Во петок во западна, северозападна, северна и централна Европа под влијание на
широко поле на низок воздушен притисок ќе условува нестабилно време со врнежи од дожд кои што ќе бидат проследени со засилен ветер кој што ќе достигне брзина и до 100 км/ч. Во
останатите предели умерено облачно време со повремени сончеви периоди и релативно топло време за овој период за овој период од годината, со исклучок на Пиринејскиот полуостров и западна Европа каде што ќе биде постудено. Максималните дневни температури низ главните европски градови ќе се движат од 4 до 19 степени.

БАЛКАН – На Балканскиот полуостров ќе биде умерено облачно време со повремени сончеви
приоди и релативно топло време за овој период од годината. Во Црна Гора, Албанија и
Косово постојат услови за локални врнежи од дожд. Во јужните предели на полуостровот ќе
биде претежно сончево време со појава на локална облачност. Максималните температури
од 11 до 18 степени.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија во петок утринските и раните утрински часови појава на
магла по котлините и долините на реките кои што во западните предели ќе биде погуста и
услови намалена видливост и до 100 метри. Во утринските и претпладневните часови ќе
биде умерено облачно време со повремени сончеви период, попладне претежно сончево
време со појава на локална облачност и топло време. Ќе дува доумерен јужен и југозападен
ветер. Утринските температури од -1 до 7 степени, додека пак максималните дневни
температури ќе достигнат до 8 односно до 19 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Од сабота повторно под влијание на поле на низок воздушен
притисок дестабилизацја на времето и посвежо време со пад на температурите. Во сабота
умерено облачно и нестабилно време со врнежи од дожд и свежо време. Минималните
темератури од 2 до 10 степени, а максималните дневни температури од 5 до 16 степени. Во
недела облачно време со врнежи од дожд и дневни температури кои што ќе се движат од 6
до 17 степени. Нестабилното време ќе продолжи и во понеделник и вторник со врнежи од
дожд. Во понеделник минималните температури од 4 до 12 степени, а максималната дневна
од 8 до 19 степени. Поинтензивни врнежи од дожд се очекуваат во вторник кога се очекува и
продор на ладна воздушна маса од север која што ќе услови и пад на температурите,
утринските од -1 до 7 степени, додека пак дневните од 3 до 14 степени. На ридско-
планинските предели и на планините со врнежи од снег.

СКОПЈЕ 5 ДЕНА – Во Скопје во сабота и понеделник ќе биде умерено облачно и нестабилно
време со утринска температура од 8 односно 10 степени, додека пак дневната ќе достигне до
13 односно до 16 степени. Во недела и вторник облачно време со поинетнзивни врнежи од
дожд и свежо време со пад на температурите особено во вторни. Минималните од 10
односно 5 степени, додека пак дневната до 16 односно до 11 степени.

Македонците рекордери во консумирање антибиотици – дали е потребно?

Временска прогноза – петок, 10 ноември