, ,

Запознајте ги македонските доктори за тераси, цветни алеи и дворови

Убавината на цвеќето доаѓа до израз, ако знаеме да ја искористиме и покажеме на вистински начин

Една мудра, источна поговорка вели: Жената е вистински убава, кога е свесна за тоа и кога тој дар од природата знае умешно да го покаже. Истото се однесува и за цвеќето. Убавината на цвеќето доаѓа до израз, ако знаеме да ја искористиме и покажеме на вистински начин.

Зборот аранжирање пак има француско потекло, а означува редење, уредување, распоредување, подготвување, дотерување, усогласување.

Веројатно, сите ние, барем еднаш во животот сме се обиделе да направиме едноставен цветен аранжман, така што сме поставиле неколку цветови и разлистени гранчиња, во ваза полна со вода. Можеби не сме постигнале никаков естетски ефект, но, сепак, на некој начин сме направиле цветен аранжман.

Највештите, јапонски мајстори за аранжирање на цвеќе, често напоменуваат, дека, ако цвеќето го скинеме, ако го одземеме неговиот живот, тогаш наша задача е да го направиме уште поубаво.

Во светот постојат многу училишта за аранжирање и многу литература, но кај нас, за жал, сеуште не се знае, или се знае сосема малку за аранжирањето на цвеќе. За многу луѓе, тоа претставува само обично редење на цвеќето во ваза.

Цели на аранжирањето на цвеќе се:

– откривање и развивање на талентот за аранжирање;
– подобрување на вештините и знаењата на идните аранжери;
– стекнување на вештини за одбирање на цвеќето;
– стекнување на вештини за подготовка на цвеќето пред аранжирање;
– распознавање и користење на инструментите за аранжирање;
– стекнување на вештини за распоредување на цвеќето во садот.

Околу правилата за аранжирање постојат несогласувања меѓу експертите – аранжери. Некои од нив сметаат дека аранжирањето треба да се врши без определени правила, додека, други сметаат дека при аранжирањето треба да  се почитуваат строго определени правила.

Оваа дилема најдобро ќе се реши, ако, пред да се започне со изработката на цветен аранжман, се запознаат основните правила за боите, формите и пропорциите, а потоа, стекнатите знаења да се приспособат кон нашиот вкус.

Конечното решение треба да е во согласност со естетските, функционани и технички барања, а довербата се  оправдува со  брзо, квалитетно остварување на желбите и потребите на клиентите, согласно нивните очекувања, условите за изведба и климатските услови.

Во Македонија и едни од ретките експерти се  тимот на  Мамут комерц позади кои стои долгогодишно искуство во проектирање, планирање, уредување и одржување на зелените површини. Кои се експерти во проектирање, уредување и одржување на јавни и деловни објекти , приватни дворови, тераси и цветни леи.

Со стручните сугестии и предлози, Вашата замислена цел има загарантиран успех со Мамут комерц ! Ве очекуваме.

Во Општина Гази Баба собираме Е – отпад од дома со Нула Отпад

Запознајте ги македонските доктори за тераси, цветни алеи и дворови