Поаѓајки од потребите на корисниците и компаниите ја освеживме zk.mk каде корисниците побрзо и полесно ќе доаѓаат до повеќе информации за компаниите, услугите и производите .
Дизајнот е материјален и зголемена е брзината со која се добиваат резултати од пребарувањата и се користат сите останати нови функции на сајтот.
Новата zk.mk содржи повеќе детали за понудите на компаниите и индивидуалните занаетчии, институции и установи. Корисниците може да ги прегледаат нивните производи и услуги, да искористат некој од веќе познатите бесплатни купони за попусти во разни дејности, и да се информираат преку фото галерија или видео презентација.
Новина е блог секцијата совети на blog.zk.mk интегриран на насловната страна каде се поставени над 350 забавни, едукативни и информативни постови за услугите и производите на компаниите.
Ги сегментиравме и интегриравме сите настани презентирајки ги во 4 категории сцена, музика, филм и останато кои може да се пребаруваат според место, датум и популарност.
Не помалку важна е и интеграцијата на MarketKonekt истакнувајки актуелни производи на главната страна кои веднаш може да се купат и достават до корисниците , каде над 3.000 компании имаат актуелна понуда на над 60.000 производи.
За крај но не последно е и временската прогноза која ја направивме заедно со регионалниот сервис Weathe4all. Подобрени се и останатите функционалности каде корисникот може да пребарува според потребен производ услуга , бренд, дејност и место или преку гео-локатор да избере фирма која е на најблиско растојание или пак да креира сопствен профил за побрзо да најде тип на информации што најчесто ги користи.
Паралелно со редизајнот на zk.mk се поднови и Android апликацијата за Златна книга, која сеуште е лидер на пазарот.
Златна книга е бренд на R3 Infomedia, компанија во чија понуда се и онлајн маркетот MarketKonekt и телефонскиот сервис Информации 1188.