, , ,

АВИЦЕНА ЛАБОРАТОРИЈА СО НОВА ЛОКАЦИЈА ВО НАСЕЛБА АЕРОДРОМ

W3.CSS
HalkBank

Најпознатиот лабораториски бренд во нашата држава, Авицена Лабораторија, со цел да ги задоволи барањата и потребите на сите пациенти, започна со работа на нова, поголема и посовремена локација во населба Аеродром во Скопје, веднаш позади кафе бар Тренд.

Авицена Лабораторија е најголемата лабораторија во државата, не само по бројот од над 75 вработени, туку и по бројот на изработени лабораториски анализи и примероци на ден, бројот од над 1.500.000 услужени клиенти во своето 14 годишно искуство, како и врвната опрема од светски реномирани производители на лабораториска опрема.

Во сите три лаборатории (две во Скопје и една во Тетово) работи искусен и професионален тим, вклучувајќи 9 доктори специјалисти по мед. биохемија и микробиологија.

Принципите на контрола на квалитет и целокупниот процес на работа во Авицена Лабораторија се круцијални за нејзиниот успех, и тоа е едно од нештата што ја прави препознатлива и прифатена како високопрофесионална и доверлива лабораторија. Освен внатрешните стандардни пропишани контроли на сите работни процеси, во Авицена Лабораторија се спроведува и надворешна контрола од странски независни институции (INSTAND e.V Германија, UK NEQAS), кои осигуруваат дополнителна објективна оценка, со што ја ставаат самата лабораторија на исто ниво со која било друга европска или светска лабораторија.

Покрај сето горенаведено, Авицена Лабораторија е единствена лабораторија која со години наназад работи согласно стандардот за медицински лаборатории MKC EN ISO 15189:2013, притоа опфаќајќи најголем број методи и најголем опсег на преку 300 акредитирани анализи. Овој стандард гарантира континуирана контрола на квалитет во сите фази на лабораториското работење, сигурност во точноста на секоја изработена анализа поединечно и издадените резултати за истите.

Точниот и прецизен лабораториски резултат има витална улога во скринингот на различни заболувања, точна дијагноза, проценка на ризик, мониторинг на терапија, прогноза и многу други аспекти кога е потребно донесување на важни медицински одлуки и решенија.

Токму затоа, избраната лабораторија треба да биде ваш партнер од доверба, која на стручен, професионален и ефикасен начин може ви овозможи најдобра грижа за вашето здравје.

Контакт информации за сите три локации на Авицена Лабораторија:

Новогодишен шопинг со American Express картичките на Силк Роуд Банка

АВИЦЕНА ЛАБОРАТОРИЈА СО НОВА ЛОКАЦИЈА ВО НАСЕЛБА АЕРОДРОМ