, , , , ,

Како лошото држење на телото кај децата и младината влијае врз нивниот развој?

#backtoschool

W3.CSS
HalkBank

Она што малку е познато во пошироката јавност претставува фактот дека, според релевантни стручни лица, мозокот на новороденото бебе е некоја врста на полупроизвод. За да се развива, мозокот мора да биде стимулиран. Кога одредените делови на мозокот се активни, бидејќи детето е ангажирано во некаква активност, во тие делови се зголемува бројот на врски меѓу мозочните ќелии.

Доколку некои делови на мозокот не се стимулирани, тогаш во нив се намалува бројот на врски меѓу ќелиите. Не само дека мозокот се однесува економично, туку е и пластичен, бидејќи нема однапред зададена структура која е непроменлива, туку се менува во соглaсност со потребите – неуропластичност на мозокот.

Тоа значи дека структурата на мозокот на детето, во извесна мера, ќе зависи од воспитувањето, односно од видот на вообичаените активности на детето.

Така, на пример, децата кои доволно се движат ќе имаат одлично развиени делови на мозокот задолжени за моторички дејствија и за нивна координација. Додека кај децата кои недоволно се движат и недоволно го користат своето тело, овие делови од мозокот нема да бидат развиени оптимално. Така што децата ќе се одликуваат со моторичка неспретност и трапавост.
Сето тоа значи дека родителското и општественото влијание се вградуваат во структурата на мозокот, така што некои научници го ословуваат како социјален мозок.
Во книгата на Гери Смол, насловена како “Интернет мозок“, се објаснува како денешните генерации кои растат и се развиваат во дигитално опкружување, стануваат некоја врста „дигитални доморотци“.

Нивните мозоци се прилагодуваат на оваа врста на опкружување, што како последица резултира со неприлагодливост кон други врсти на опкружувања или реалниот живот. Според тоа, влијанието на дигиталното опкружување многу влијае на различните пореметувања кај децата а во прашање се пореметување на вниманието кај децата, импулсивност и неспособност за одложување на неисполнетата желба, недостаток на социјални вештини и некои облици на високофункционален аутизам, зависнот од компјутерски игри, социјални мрежи итн.

Има многу причини родителите да превземат чекори кон повлекување на дигитални граници,  додека  општеството неодложно треба да овозможи поздрава алтернатива која се нарекува амбиент за здрав раст и развој на новите генерации преку систематско занимавање со спорт.


СЦ Вардар

тел. 070 262 307 & 078 291 904

Facebook –  SC Vardar

Превентива за лошото држење на телото кај децата и младината

Како лошото држење на телото кај децата и младината влијае врз нивниот развој?