, , ,

Никогаш сами – спокојно и сигурно на секое патување

Патувањата по светот често знаат да бидат непредвидливи. За спокојно патување добро е вие и вашите вредности да бидете во сигурни раце. Полисата за патничко здравствено осигурување можете да ја комбинирате со 24/7 асистенција за сигурен дом и помош на пат.

Патничко осигурување

Со полисата на Сава осигурување одите безгрижно на пат, бидејќи добивате пред сѐ асистенција, а потоа и подмирување на трошоците во случаи кога е неопходна медицинска помош, ситуации со последици од несреќен случај-незгода, при губење/кражба на багаж и патни документи…

Патничкото осигурување може да биде склучено за минимум три дена и за максимален рок од една година со посебни поволности при семејно, студентско, групно и бизнис патување. Брзо, едноставно, сигурно – купете патничко онлајн тука.

Во случај на болест, незгода или друга потреба од помош, се јавувате во 24/7 асистентскиот центар на +389 2 5101 525. Давате податоци за име, презиме, адреса, број на полиса, моментална локација и број за контакт, како и опис на проблемот за да може да се организира соодветна помош.

За да бидете поспокојни на своето патување, во рамките на полисата за патничко осигурување, можете да обезбедите дополнителна сигурност на својот дом со додавање на 24/7 Домашна асистенција – помош во моментот кога ќе се случи незгода во домот за која е неопходна итна интервенција од мајстор. Се јавувате на дежурниот број на асистентската куќа и добивате помош за санирање на проблемот: мајсторот ќе биде испратен во најкраток рок!

Ако патувате со автомобил, за кој што имате АО или каско полиса од Сава осигурување, кон патничкото може да ја додадете и Автомобилска асистенција 24/7 – деноноќна поддршка и организација на помош при опасности за моторни возила, во земјата или странство. Со само еден телефонски повик добивате организација на асистенцијата, како и покритие на трошоци за: поправки во случај на помал дефект, за влечење и пренос на возилото, превоз на возачот и патниците до крајната дестинација, изнајмување на заменско возило, услуга во случај на снемување на гориво, губење на клучевите на возилото и друго.

Никогаш сами! Брзо, едноставно, сигурно – купете патничко онлајн тука.

 

Задолжителна зимска опрема за возила

Никогаш сами – спокојно и сигурно на секое патување