, , ,

Разладете го домот со помали сметки

Микроклимата има огромно влијание и врз нашето здравје и продуктивност

W3.CSS
HalkBank

Пријатната микроклима во просториите во кои престојуваме е основен предуслов за во нив да се чувствуваме удобно. Покрај удобството, микроклимата има огромно влијание и врз нашето здравје и продуктивност. За квалитетен и здрав живот и добри услови за работа, во летната сезона во затворени простории е препорачана температура од 27 степени целзиусови и влажност на воздухот од 50%. Овие параметри се европски пропишани, поставени со цел да се обезбеди квалитетна средина во која се престојува.

За жал живееме на географски простор каде летата се исклучително жешки, а глобалните климатски промени дополнително ја влошуваат состојбата. Од друга страна имаме долгорочен тренд на пораст на цената на електричната енергија и трошоците за разладување. Комбинацијата на овие два фактори упатува на избор на економични решенија за климатизација во текот на летните месеци. Но како да се постигне пријатна и стабилна клима во домот и во работните простории, кога надвор температурите често надминуваат и 40 степени целзиусови, а притоа сметките за електрична енергија сепак да останат во разумни рамки?

За среќа современата технологија ни нуди одлични решенија. Инвертер клима уредите последните години се исклучително популарни, а пазарот го освоија со својата практичност и пред сè штедливост. Заштедата се остварува преку регулацијата на бројот на вртежи на компресорот со што се постигнува максимална снага и мала потрошувачка на енергија. Заштедата во потрошувачката на струја во однос на користење на обичен клима уред е импресивна и изнесува околу 30-40%. Со тоа, иако инвертер клима уредот е поскап за 20-30% во однос на обичните клима уреди, инвестицијата е исплатлива дури и на краток рок. Доколку вашиот инвертер го користите само за разладување, односно само во текот на летните месеци, поголемата почетна инвестиција ќе биде вратена за нецели 4 години, а сè понатака ќе биде чиста заштеда. Со интелигентни хибридни инвертери може да се оствари дури и дополнително намалување на потрошувашката на енергија.

  VARMO камин на пелети

Инвертер клима уредите имаат и редица други предности. Регулацијата на бројот на вртежи на компресорот овозможува саканата температура во просторијата да се постигне многу брзо, а температурни флуктуации потоа речиси и да нема (се движат во опсег од само +/- 0,5 степени целзиусови), што е предуслов за да се чувствуваме пријатно. Ваквиот начин на работа значи и многу потивка операција на уредот додека ја одржува посакуваната температура.

И секако, инвертерите се особено популарни поради можноста да се користат и во зима, за загревање. За разлика од од обичните клима уреди, тие можат да работат на исклучително ниски надворешни температури. Без проблем работат кога температурите ќе паднат до -15 степени целзиусови, а можат да се најдат модели што функционираат и до -30 степени целзиусови. Со својата ниска потрошувачка на енергија, инвертерите станаа најсериозни решенија за греење на струја. Доколку инвертер клима уред се користи и за ладење и за греење, односно преку целата година, поголемата почетна инвестиција во однос на обичните климатизери може да биде вратена и за само една година.

При купување на клима уред особено е важно да се внимава дали тој според моќноста одговара за просторијата за која е наменет. Доколку купите климатизер со помала моќност тој ќе работи многу повеќе време и ќе троши струја, а сепак нема да може да ја постигне оптималната температура. Поголем климатизер отколку што е потребно значи само повеќе потрошени пари, а нема да донесе никакви придобивки. Освен изборот на клима уред, од голема важност е и изборот на локација за надворешната единица. Доколку има простор, таа треба да се постави на место каде има поголема сенка, но исто така треба да ѝ се обезбеди доволно „луфта“, за да може топлиот воздух поефикасно да го исфрли, а со тоа и поекономично да работи. За поздрав дом, изберете модел на климатизер кој интегрира некоја од современите технологии за одржување на квалитетот на воздухот. Титаниум-апатит фотокалитичкиот филтер го прочистува воздухот што циркулира низ уредот и ги отстранува микроскопските честички, разградува мириси и помага да се спречи ширењето на бактерии и други микроорганизми.

Одлична опција за економично разладување на просториите во кои престојуваме се и топлинските пумпи. Се делат во неколку категории и се произведуваат во најразлични варијанти и конфигурации, што ги прави прилагодливи во секакви објекти и во секакви услови. Заедничка особина им е тоа што сите се исклучително штедливи, тивки во својот работен режим, а трошоците за одржување се исто така ниски. Како и инвертер клима уредите, топлинските пумпи се сеопфатно решение за климатизација кое опфаќа и ладење и греење, во зависност од сезоната.

Особено интересни за наши услови се топлинските пумпи воздух-вода. Вакво решение се користи најчесто во објекти кои имаат систем со топлински проток на вода (систем на парно греење или подно греење). Голема предност на овие топлински пумпи е тоа што се погодни за затоплување на санитарна вода за бањи, кујни и слично. Тие трошат 3 до 4 пати помалку електрична енергија во споредба со конвенционалните електрични бојлери кои се во масовна употреба.

Размислувајте долгорочно, постигнетете ја посакуваната удобност во домот, намалете ги сметките.

Како поедноставно да го избереме вистинскиот клима уред што ни е потребен!

Разладете го домот со помали сметки