,

Уличен Маркетинг – Директен начин на промоција

Совети од MyMarketing 6 дел

Овој вид на современ маркетинг носи супер позитивни резултати, затоа и многу пати сме го користеле. Едноставна е примената, излегувате на улица целосно брендирани, се движите по улиците на градот Скопје или градовите низ Македонија, запознавате луѓе, ситуации, разменувате информации, идеи, промовирате толку многу директно што си обезбедувате свој маркетинг терен. Се фокусирате на своја група клиенти и создавате простор во кој едноставно не е возможно некој да Ве одмине. Можете да се поставите и на места на кои луѓето имаат потреба од одвлекување на внимание (чекање близу до семафор, автобуски постројки…), се во зависност од потребата на промоцијата.

Со поставување на јасна цел ќе одредите каде и како да се одвива целиот уличен маркетинг концепт. My Marketing создаде примена на овие факти во конкретна идеја, се работи за интересен “член” во тимот, го нарековме “My Тrailer” – приколка која го носи целиот концепт на уличниот маркетинг.

Можностите се бесконечни, со овој тип на промоција можете да осмислувате практични маркетинг концепти во кои ќе се дејствува, можете едноставно да го користите само како подвижен билборд. Дефинитивно е најбрзорастечка форма на рекламирање.

Нема потреба да сте на одредена локација за да се информирате за определени маркетинг промоции, напротив, ова е нешто кое дури и во текот на нејзиното поставување и пренесување од едно до друго место, таа веќе започнала со својата главна функција, го промовира брендот, ги промовира потребните производи.

За повеќе информации за “My Trailer” следете го линкот

Тимот на My Мarketing

https://www.facebook.com/MyMarketing.mk/
http://mymarketing.com.mk/
http://mydigitalworld.mk/mk/

Две дестинации кои несмеете да ги пропуштите оваа есен

Уличен Маркетинг – Директен начин на промоција