,

ЧЕКОРИ ЗА БЕЗГРИЖНИ ЛЕТНИ ПАТУВАЊА

За да не заборавите нешто, следете го водичот за безгрижни летни патувања

 

Да се патува БЕЗГРИЖНО, и не е така едноставно… Има толку многу работи на кои треба да се мисли пред тргнување, но и толку многу работи кои можат да се случат додека патувате. За да не заборавите нешто, следете го водичот за безгрижни летни патувања од 10 чекори и уживајте во секој момент од Вашето патување.

  • Подгответе ги навреме потребните меѓународни документи за патување надвор од земјата, како зелен картон, меѓународна возачка дозвола или одобрение за управување со туѓо моторно возило. Иако во АМСМ Центар-Скопје истите можете да ги извадите 24/7, нив никогаш не ги оставајте за последен момент. Што сé ви е потребно за издавање на овие документи можете да прочитате тука.
  • Извадете соодветно патничко осигурување. Не е само да платите помалку, туку важно е и што вашето патничко осигурување покрива ако случајно ви затреба. Ова е особено важно ако патувате со деца. Осигурително брокерско друштво „Мобилити Брокер“ ви препорачува патничко осигурување без франшиза. Повеќе за видовите на осигурување и полисите за патничко осигурување можете да прочитате тука.
  • Направете превентивен технички преглед и сервис, бидејќи од техничката исправност на вашето возило зависи вашата и безбедноста на вашето семејство. Проверката/замената на филтрите за воздух на клима уредот е уште нешто што задолжително треба да го направите, бидејќи токму тој честопати е извор на непријатен мирис како резултат на присуство на бактерии, микроорганизми, мувла и габички. Превентивниот технички преглед е бесплатен за АМСМ членови, а сервисните услуги како АМСМ членови ги добивате со 20% попуст на работна рака и до 10% на резервни делови. Сепак и најдобрата подготовка на возилото, не е гаранција, туку превенција од евентуални дефекти на пат…

  • Осигурајте сé што ви е важно. Ако досега не сте го осигурале својот дом и автомобил, тогаш сега е вистинскиот момент да го направите тоа и да патувате сигурни дека што и да се случи вашиот живот ќе продолжи безгрижно и без дополнителни и непредвидени трошоци за било какви евентуални штети. Повеќе за најдобрите понуди за осигурување на дом и автомобил можете да прочитате тука.
  • Подгответе се за сите можни ситуации и планирајте однапред. Замислете, на пат кон Халкидики, 40°C, жежок асфалт, деца на задното седиште, а автомобилот не стартува… Што ќе направите?! Наједноставниот дефект на пат, како дупната гума или испразнет акумулатор, особено кога патувате со семејство претставува сериозен проблем, а ситуацијата е уште покомплицирана доколку дефектот се случи надвор од Р. Македонија. Како АМСМ член добивате бесплатна помош на пат или шлепување во случај на дефект во Македонија, но и било каде во Европа, со што заштедувате време  и пари, бидејќи трошоците за отстранување на дефект надвор од државата, понекогаш можат да бидат повисоки и од една просечна македонска плата. Доколку дефектот не може да се отстрани на самото место, тогаш како АМСМ Европа Премиум членови добивате комплетно згрижување, кое вклучува хотелско сместување и користење на рент-а-кар, или, пак, покривање на патни трошоци. Повеќе за АМСМ Европа Премиум членството може да прочитате тука, а доколку извадите било кој од меѓународните документи за патување во странство можете да станете АМСМ Европа Премиум член со 30% попуст и веднаш да заштедите 800 денари.
  • Бидете сигурни дека правилно го користите детското седиште за автомобил. Некои работи се случуваат само еднаш, затоа соодветно да ги заштитите вашите деца во сообраќајот и да им овозможите максимална сообраќајна безбедност е нешто што задолжително треба да го направите. Детските седишта во случај на сообраќајна незгода ја намалуваат смртноста и повредите кај децата во 71% од случаите. Но, од друга страна дури 75% од родителите, детските седишта за автомобил погрешно ги поставуваат или погрешно ги користат! Повеќе информации за соодветен избор, инсталирање и користење на детско седиште за автомобил можете да прочитате тука.
  • Пред тргнување задолжително проверете ја состојбата на патиштата и на граничните премини од страна на Р.Македонија за да избегнете да се најдете заглавени во колона или во километарски гужви на граница. Состојбата на патиштата и на граничните премини, можете да ја проверите:
  1. На телефонскиот број 15 555
  2. На веб страницата на АМСМ Службата за помош и информации на пат тука
  3. Во иконата „Состојба на патишта“ во бесплатната АМСМ мобилна апликација наменета за Android и iOS базирани мобилни телефони

Информирајте се и изберете ја својата патна рута однапред за да ги избегнете сите несакани застои и гужви на пат.

  • Симнете ја бесплатната АМСМ мобилна апликација наменета за паметни телефони и на еден допир добивате пристап до сите информации за патување. Покрај можноста да ги следите промените на граничните премини и состојбата на патиштата, во АМСМ мобилната апликација имате и пристап до информации за патување во над 30 европски држави, кои се однесуваат на максимална дозволена брзина, употребата на мобилен телефон, задолжителна опрема, употреба на безбедносни појаси и детски седишта итн.
  • Запомнете: 196 или +389 2 3181 196 за 24/7 помош на пат и шлепување. Ако ги следевте нашите чекори и препораки, досега веќе треба да сте подготвени за долгоочекуваното летно патување. Останува само уште да ве потсетиме дека што и да се случи во Македонија или било каде во Европа, 24/7 достапна ви е АМСМ службата за помош на пат и шлепување на следните телефонски броеви:
  • За помош на пат и шлепување во Македонија повикајте 196 (и за повик од фиксен и за повик од мобилен телефон) За помош на пат и шлепување надвор од Македонија повикајте + 389 2 3181 196
  • Меморирајте ги уште веднаш во своите мобилни телефони, затоа што никогаш не се знае кога би можеле да ви затребаат.

  • Насмевнете се широко. Вака подготвени можете да тргнете уште веднаш и да бидете сигурни дека ама баш ништо непредвидено не може да случи… Сепак, доброто расположение зависи само и единствено од вас! Не заборавајте безгрижната насмевка да ја понесете со себе, каде и да патувате.

Патувајте БЕЗГРИЖНО!

Секогаш Ваш АМСМ.

 

НОВИНИ ВО ПОЛИСИТЕ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА ДОМАЌИНСТВО

ЧЕКОРИ ЗА БЕЗГРИЖНИ ЛЕТНИ ПАТУВАЊА