, , , ,

Пакомак со продолжена дозвола за работа во следните 5 години

АКТИВНОСТИ НА „ПАКОМАК“ ВО ПЕРИОДОТ ОД ЈАНУАРИ ДО МАРТ 2017 ГОДИНА

Веќе шеста година по ред „Пакомак“ континуирано го подобрува своето работење и останува најдоброто бизнис-решение за управување на амбалажниот отпад, а најдобар показател за ова е последниот извештај, кој „Пакомак“ го достави до МЖСПП. Компанијата не само што ги оствари и надмина планираните цели за 2016 година, туку е и единствениот колективен постапувач со отпад што доби продолжена дозвола за работа до 2020 година. Ова, пред сѐ, значи сигурност за нашите клиенти, чијшто број од година во година продолжува да расте, како и мотивација за нас да бидеме уште поуспешни во посветеноста на чистата животна средина во следните години и да продолжиме да го зголемуваме процентот на рециклиран амбалажен отпад во Македонија.

„AmCham“ – споделување најдобра практика за општествена одговорност

 

На 25 јануари во хотелот „Холидеј ин“ се одржа средба на компаниите-членки на „AmCham“. Преку 30 компании, невладини организации и претставници од амбасадите ги споделија своите искуства од своите проекти за општествена одговорност, наградени од страна на Националното координативно тело за корпоративна општествена одговорност.

Менаџерот за грижа на корисници на „Пакомак“, г. Ико Брдароски, ја презентираше стратегијата за општествена одговорност на „Пакомак“ преку проектот „Екокафулиња и екоресторани“, каде што главниот акцент и понатаму е ставен на влијателни и одржливи програми, кои промовираат размена на нови и свежи идеи во оваа област, како и градење долготрајни партнерства меѓу компаниите што преку меѓусебна соработка сакаат да придонесат за почиста и поздрава животна средина.

Награда за филантропија „ОКО“ за корпоративна филантропија за 2016 година

 

На 27 февруари беа доделени наградите за филантропија „ОКО“ за 2016 година. Целта е да се препознаат и јавно да се истакнат компаниите, здруженијата и фондациите, граѓаните и медиумите што несебично, долгорочно и на стратегиски начин му помагаат и го поддржуваат развојот на заедницата и го промовираат и стимулираат развојот на филантропијата.

Наградата за филантропија „ОКО“ „Пакомак“ ја доби за корпоративна филантропија за 2016 година за мали претпријатија, што сведочи за придонесот на „Пакомак“ кон заживување и развој на вредностите како солидарност, почит, етичност, хуманост и добротворност. Оваа награда е мотив компанијата да продолжи со оваа општествена практика на намалување на минимум на какви било потенцијални несакани ефекти од деловните активности на поединците и на компаниите врз животната средина и за ефикасно и рационално користење на природните ресурси.

Наградите за филантропија „ОКО“ се реализираат во рамки на проектот „SIGN“ за одржливост спроведена од ХОРУС, како организација–членка на „SIGN“ – регионалната мрежа на локални фондации од западен Балкан, а со финансиска поддршка на Европската унија и на Балканскиот фонд за демократија.

Нови инвестиции во инфраструктурата

 

„Пакомак“ продолжи со своите континуирани инвестиции во инфраструктурата и со проширување на собирачката мрежа во соработка со екокафулињата и со екорестораните, овој пат во Куманово и во Велес.

Понатаму, за факултетот ФЕИТ се донирани нови сини и жолти контејнери од 1,1 м3, како и рамки со кеси за собирање амбалажен отпад.

Сини и жолти контејнери за селектирање на отпадот, како и канти за отпад од 120 л се донирани во „СОС  Детско село“. Исти такви 120-литарски канти беа донирани и на гимназијата „Орце Николов“ во Скопје, а учениците од оваа гимназија добија и картонски кутии за селектирање на отпадот од пакување.

 

НАСЕЛЕНИЕ

 

Презентација со 3Д-екобус на ученици од прво одделение во Куманово и во Гевгелија во соработка со УНДП и со јапонската влада

 

„Пакомак“, во соработка со УНДП и со јапонската влада ја продолжи својата практика и во јануари 2017 година повторно ги посети првоодделенците во Куманово со својот 3Д- екобус. Учениците присуствуваа на 40-минутна интерактивна 3Д- обука со предавање,

проекција на филм и со игра-тест со систем за интерактивно поврзување, која се одвива во рамките на еколошкиот автобус.

Сите овие активности со еколошкиот автобус се со цел учениците преку забава, материјал примерен за возраста на децата, како и преку точни и целосни информации да формираат навики за секојдневно правилно однесување со амбалажниот отпад и за заштитата на животната средина.

3Д-екобусот во март беше во посета на Гевгелија, а учениците се здобија со знаење со цел развивање личен позитивен однос кон одделно собирање на отпадоците, како и формирање навики за секојдневно одговорно однесување кон околината, што е придобивка за сите, за градот во кој живееме, животната средина и за општеството како целина.

 

Театарска претстава за деца на тема екологија со премиера во Драмскиот театар во Скопје

 

На 27 февруари во Драмскиот театар во Скопје се одржа премиерата на претставата за деца „Зелена планета“. Претставата е наменета за деца од прво до петто одделение и со оваа премиера почна проектот за едукација на најмладите за придобивките од рециклирање и за правилен третман на отпадот.

Проектот е дел од платформата „Дали рециклирате!?“, а го спроведуваат „Пивара Скопје“, „Пакомак“ и компанијата „Нула отпад“, со поддршка на холандската амбасада. Предвидено е „Зелена планета“ да ја видат најмалку 15 илјади ученици во 10 градови.

Една од пораките што треба да се пренесат преку „Зелена планета“ е дека селекцијата на отпадот мора да стане навика и обврска како што е одржувањето лична хигиена.

Сакаме кај најмладите да создадеме свест дека со мал напор може да придонесат за доброто на животната средина.

 

  

Театарската претстава за деца „Зелена планета“ во Кавадарци, Битола и во Струмица

 

Театарскиот карван на „Зелена планета“ по премиерата во Скопје продолжи во Кавадарци, а во март ги посети и Битола и Струмица. И тука децата имаа можност преку забава да се едуцираат за важноста на рециклирањето, а претставата беше дочекана и прифатена со огромна радост од најмалите, поголемите, но и од нивните родители.

Пуштање во функција на проектот „City Tree“ во Скопје и во Тетово

 

На 21 март во Тетово и на 22 март во Скопје, НВО „Екосвест“ и германската амбасада свечено го промовираа проектот за заштита од климатските промени, „CityTree“, и им ги предадоа на градовите Скопје и Тетово и на нивните граѓани зелените паноа – прочистувачи на воздух.

„CityTree“ претставува вертикална структура од специфични видови мов со васкуларни растенија, кои „јадат“ ситен прав, азотни оксиди и озон и имаат способност да неутрализираат 240 тони јаглероден диоксид годишно. Ова еколошко пано има ефект на филтрирање воздух како 275 дрвја за една година. „City Tree“ е одржлива инсталација со систем за наводнување, зафаќање на дождовницата и со соларен панел.

Овој проект беше овозможен со помош на средства од фондот за климатски промени при Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, со што се финансира кампањата за подигнување на свесноста, а набавката на двете паноа ја поддржа „Пакомак“, во соработка со уште неколку партнерски компании.

 

Поддршка на настанот „Zero waste“

 

Прифатен од сè повеќе луѓе како филозофија на живеење, концептот „нула отпад“ му пркоси на систематизираниот процес на произведување, консумирање и на фрлање, кој вртоглаво ја задоволува и уште повеќе ја разгорува човечката ненаситност на сметка на човечкото достоинство, природните ресурси и животната средина. Живеењето со една тегла ѓубре годишно се чини како идеално решение за сеприсутното ѓубре кај нас, со чиешто намалување сигурно би се намалиле алармантното загадување на почвата, водите и на воздухот и исклучително високите стапки на малигни и респираторни заболувања.

Да ја чуваме околината заедно! Придружи ни се на Sound Of Green Festival 2017, донеси 3 пластични шишиња и рециклирај во ритам! #pakomak #soundofgreen

Geplaatst door Пакомак op dinsdag 6 juni 2017

Осмислено како прво во низата активности што ќе имаат цел да го доближат концептот „нула отпад“ до просечниот македонски потрошувач и да охрабрат негова практична примена, на 20 март беше одржано предавање од Беа Џонсон, една од најгласните поборнички за ослободување од стегите на консумеризмот и за (по)едноставно живеење. Оваа Французинка, која живее во Калифорнија, денес ја сметаат за вистинско гуру за „нула отпад“! Има и зошто – од 2008 година наваму таа успева, заедно со своето семејство, да произведе само една тегла ѓубре годишно! Преку својата веб-страница и исклучително продаваната книга „Дом без ѓубре“ (Zero Waste Home), која досега е преведена на 14 јазици, таа почна глобално движење и неуморно ги инспирира луѓето низ светот да му се спротивстават на непотребниот отпад и така да живеат (по)едноставно.

DJ Slave & Game Over, главните готвачи од Новата манџа на старата школа го имаат вистинскиот рецепт за журка која долго ќе ја прераскажувате! 🙌 😎 Оваа сабота на Sound Of Green Festival 2017 во БЛА БЛА КЛУБ – Јавен Алтернативен Простор!Влез: три пластични шишиња.#РециклирајВоРитам ♻ 🎶

Geplaatst door Пакомак op donderdag 15 juni 2017

Нејзиното начело гласи: „Речи не, редуцирај, реупотреби, рециклирај, направи компост, и тоа само по тој редослед“. Ги поткопува предрасудите покажувајќи преку сопствениот пример дека живеењето без отпад не само што може да биде живеење со стил, туку и носи значајни здравствени придобивки, како и заштеда на време и на пари. За живеењето во духот на „нула отпад“ зборувала во многубројни телевизиски емисии, како и на универзитети, корпоративни настани и ТЕДх и на конференции низ целиот свет, вклучувајќи ги „Гугл“, „Епл“, Европскиот парламент и ООН.
Нејзиното гостување во Македонија е во рамки на нејзината европска турнеја, која се надоврзува на досегашните пет, односно на низата од повеќе од 150 говори во повеќе од 20 земји на пет континенти, а организацијата на настанот беше поддржана од „Пакомак“.

ЧЕКОРИ ЗА БЕЗГРИЖНИ ЛЕТНИ ПАТУВАЊА

Пакомак со продолжена дозвола за работа во следните 5 години