Испитувањето на крвта со темен микроскоп се базира на сознанијата од истражувањата на проф. д-р Гинтер Ендерлајн. Тој во 1914 година открил дека и во човечките крвни клетни постојат најситни живи суштества, кои преку размножувањето, зголемувањето како и преку нивните продукти од метабоилизмот предизвикуваат промени на средината во внатрешноста на човечкиот организам и на тој начин го оштетуваат човечкото тело и го создаваат патот за многу болести.
Кога овие крвни паразити ќе бидат откриени со помош на дијагнозата преку живата крв на темен микроскоп, тогаш (алтернативниот) лекар може да ја открие причината за постоењето на различните симптоми, може да ја дијагностицира болеста и соодветно да ја лечи или пак, да го упати пациентот на соодветниот лекар-специјалист.
Дијагнозата преку живата капка крв испитувана на темен микроскоп многу е погодна за рано откривање на болестите кои потоа можат благовремено да се лечат и надминат.
Засегнатиот пациент преку екранот може самиот да го следи испитувањето на живата крв на темен микроскоп т.е. тој/таа неа ја следи “во живо”. Заради контрола на лечењето може при осета на ординацијата да се направи ново испитување на жива капка крв, така што пациентот ќе може самиот да ја следи промената во неговата крв преку екранот со користење на препарати за база во организмот и изопатски-хомеопатски лекови без несакани дејства. Според искуството ова води кон тоа пациентот да стекне доверба во лековите кои му биле препишани и при консектветно придржување кон шемата за лечење, пацинетот во најкус временски период ќе почувствува позитвни промени.
Најбитното е што пациентот самиот ја презема одговорноста за своето оздравување и што тој во секојдневието дејствува соодветно на препораките за лечење.
Дијагнозата со темниот микроскоп на живата крв ја подджува соработката помеѓу пациентот и лекарот.
Начин на постапување:
Една капка крв се зема од јагодицата на прстот и во присуство на пациентот веднаш се испитува под темен микроскоп. Пациентот може тоа што лекарот ќе го открие на темниот микроскоп директно да го следи на екранот. При испитувањето на живата крв на темен микроскоп не се користат ниту дополнителни материи, ниту пак капката крв мора да минува долг пат во лабораторијата. Лекарот во присуство на пациентот се стекнува со прв општ впечаток за моментната состојба на крвната плазма, бројот и состојбата на црвените крвни клетки, за кисело-базниот сооднос во организмот, за можните труења со тешки метали, бактерии ,за проточноста на крвта, за можните блокади на крвните клетки како и за можните органски пореметувња и постоењето на паразити.
Таа капка крв потоа се иследува во текот по повеќе часови, а понекогаш и следните два или три дена, бидејќи крвта постојано се менува. Капката крв на стакленцето доживува недостиг на кислород и прекиселување и преку светлината и температурата на просторот таа капка крв се става под стес, така што паразитите ги напуштаат своето сокривалишта во крвните клетки и можат јасно да се видат во плазмата. На тој начин лекарот кој врши дијагноза на живата крв со темен микроскоп може да согледа за кои крвни паразити станува збор. И за пациентот е мошне интересно што може самиот да види како паразитите ги напуштаат крвните клетки, така што тој самиот директно ја согледува потребата од лечење.
Според дијагнозата со темен микроскоп на живата крв можат да се применат различни методи на лечење. Но, најефикасно лечење е со изопатски-хомеопатски лекови од фирмата SANUM,каде што се воспоставуваат повторно 4 столба на здравје.
Кус опис на третманот:
Повторно востпоставување на 4 столба на здравјето.
1. Сооднос на киселоста и базноста во организмот:
Прекиселувањето на внатрешната средина во организмот создава поволни услови за настанување на болестите, меѓу другото и со паразитите кои предизвикуваат болест, бидејќи за тие паразити е поволна киселата средина за да можат да преживеат, а и самите тие за да се заштитат произведуваат киселина. Затоа ние делуваме во однос на овој проблем и ја намалуваме киселоста на средината преку соодветни препарати и преку промена на исхраната.
2. Количество на вода во организмот:
Во Парацелзус исцрпно им објаснуваме на нашите пациенти колку е битна функцијата на водата, зашто сите хемиски процеси во организмот се одвиваат со помош на водата како медиум, а освен тоа водата е неопходна заради исфрлање на отровите од организмот. За жал најголемиот број луѓе пијат многу малку вода – наместо тоа пијат кафе, вештачки засладени пијалоци и многу други пијалоци кои не се добри за здравјето.
3. Количетсво електролити во организмот:
Електролитите се материи, кои во воден раствор се во сосотојба да ја пренесуваат електричната струја. Тука спаѓаат на пример натриумот, хлоридот, калиумот, калциумот, фосфатот и магнезиумот.
Количетсвото електролити во организмот треба да биде во рамнотежа. Кај болни лица често пати доаѓа до дисбаланс во однос на количеството на електролити, на пр. при дијареја која трае подолго време, при повраќање итн. Затоа е многу битно да се испита количеството електролити и по потреба тоа да се доведе во баланс.
4. Дишење и примање на кислород:
Сосема едноставно објаснето, под дишење подразбираме примање на кислород од воздухот и исфрлање на истрошениот воздух во форма на јаглерод диоксид. Комплексната регулација на дишењето се координира од нашиот нервен систем и во голема мера се одвива автоматски. Може да се стимулиа со 45 дневно користиење на Energybox ion. (три пати неделно)
Целта на добрата терапија е да се открие и разбере пораката што ја даваат симптомите со помош на дијагнозата со темен микроскоп на живата крв и успешно, без големи трошоци и со минимален напор тие да се регулираат и организмот да се излечи.