, ,

Настинките зачестуваат и се зголемува бројот на деца со хронични заболувања (бронхит)

Во Парацелзус третман на хроничен опструктивен бронхитис кај деца

Значењето при чистење на мукозните мембрани

Минатата година во нашата пракса имаше зголемување на бројот на случаи со неспецифични хронични белодробни заболувања кај децата. Младите пациенти имаат еден или повеќе од следните симптоми : хронична или повторлива кашлица со искашлување, напади на гушење или континуиран недостаток на здив, сува кашлица по плачење или смеење, експираторен стридор со подолг експириум и звучно треперење.

Оваа форма на хроничен опструктивен бронхитис е исклучително честа појава во детството. Најчесто влијае на доенчиња и мали деца на возраст од 3 години. Од патолошка гледна точка, тоа е главно прашање на опструкција на малите бронхии со забележливо наталожување на секрети и оток на бронхијалните мукозни мембрани. Овој основен услов доведува до компликации во секој акутен напад на бронхитис, дури и при секоја настинка кај младите пациенти.

Мали шанси за лечење со конвенционалната терапија

Сите наши пациенти дојдоа кај нас во Парацелзус по долг, повеќе или помалку неуспешен третман од страна на нивните педијатри со прогноза: мали шанси за лечење сега, можеби проблемот ќе се реши спонтано кога детето ќе порасне. Конвенционалниот третман на хроничен опструктивен бронхитис се состои од пропишување секретолитици и спазмолитици, како и кортикостероиди кои се користат кај деца со возраст постари од 6 месеци. Оваа форма на третман често продолжува со месеци или години, дури и кога не постои значителен успех.
Мајките биле многу загрижени за своите деца – особено кога во акутна фаза тие имаат гушење и отежнато дишење – педијатрите најчесто аргументирале дека оваа форма на третманот не треба да се запре во никој случај, во спротивно детето може да се најде во ситуација опасна по неговиот живот. Секој кој досега доживеал акутен напад на гушење ќе ја разбере гледната точка на овие мајки. Поради овој факт не може да се негира дека оваа форма на третман е всушност само третман на симптомите и неизбежна штета предизвикана од несаканите ефекти на лековите споменати погоре. Иако медицинските пракси се многу застапени главно сеуште не се знае дека воспаленијата се еден вид на екскреција и детоксикација од телото. И така кај нашите млади пациенти повторно и повторно бевме во можност да докажеме дека потиснувањето на хроничниот бронхитис, што често успешно се постигнува со кортикостероиди и други стероиди, доведува до егзема, а со тоа и процесот на детоксикација на телото е едноставно префрлен во друг орган.

Сите наши пациенти со симптоми на хроничен опструктивен бронхитис страдале од повторни релапси, се додека педијатрите им објасниле на мајките дека кортизонот мора да продолжи да се зема дури и за време на денови и недели кога детето било добро.

Всушност, нашето искуство со овие пациенти покажа дека целосно лечење на хроничен опструктивен бронхитис со кортизон или антибиотици кои биле давани подолг период е многу одговорна задача.

Ние овде зборуваме за деца кои се сериозно болни и чии мајки се честопати вознемирени и несигурни во себе. Во ситуации како оваа, наша задача е да ја претставиме SANUM терапијата како извонредна можност за целосно лечење на хронични бронхијални болести.

Симптоми на болеста
Беше забележано дека речиси сите пациенти покажале знаци на воспаление на белите дробови / бронхијалниот регион, замор и недостаток на апетит. Еден разбирлив феномен, е фактот дека мајките на децата секогаш сакаат да се избегне било каква вознемиреност што може да доведе до плачење или врескање.
За нашата терапија е особено важно да имаме длабок разговор со мајката, со цел прво да се намали нејзината анксиозност пред да се појават следните напади на кашлање. Да бидеме попрецизни, бевме во можност да утврдиме дека колку помалку мајката реагираше на симптомите на болеста на нејзиното дете, толку е полесен текот на терапијата.

Текот на терапијата за младите пациенти во Парацелзус

Како основен лек ние користиме Utilin S, имуномодулатор кој што го стимулира имуниот систем на специфичен и неспецифичен начин . Капсулата се отвора и прашокот се посипува на јазик, еднаш неделно, навечер пред заспивање. Notakehl  и  Quentakehl sol. се дава наутро,ручек и вечера на празен стомак, 5 капки кои може да се растворат во некој чај или да се дадат дирекно на јазик. Извршено е и истражување за детската интестинална флора и докажано е дека Fortakehl tbl. се препорачливи (1×1). Според состојбата на интестиналната флора исто може да се користи и Sanumalkala, алкална сода. За да се спречи создавање на вишок слуз, консумацијата на млечните протеини е строго ограничена. Ние сме во можност да покажеме дека мајките кои го прифатија коцептот на Sanum станаа особено задоволни.

Согледувања и размислувања после текот на терапијата

Резултат од терапијата – после кратко време поголемиот број деца беа во можност значително да ги намалат конвенционалните лекови кои им биле препишани. Исто така во текот на терапијата 20пациенти (деца) беа во можност целосно да го запрат третманот со кортикостероиди, стероиди и антибиотици. Другите пациенти продолжија со минимум кортизон или други специфични инхалации. Овде повторно е покажано како терапијата има значаен ефект при регулацијата и чистењето на мукозната мембрана. Затоа навистина е важно да се разбере и да се класифицира терапијата со SANUM лековите како потполно различен начин на гледање на болеста и здравјето. Луѓето кои ги користат Sanum лековите само како алтернативни лекови, а болеста сеуште се дијагностицира според традиционалната медицина, нема да имаат успех. Наша работа е повторно да истакнеме дека нема иднина доколку некој сака да ги искорени бактериите и микроогранизмите кои се во нас и околу нас доколку гледа на нив како на непријател. Ние мораме да научиме да живееме во симбиоза се додека влијанието на внатрешната средина стане позитивно така што микроогранизмите нема да бидат во можност да станат патогени. Секој што ги лекува пациентите треба и да ги запознае со мислењето на професор Enderlein. Тогаш пациентите секогаш ќе знаат дека бактериските форми се патогени само во високи валенции.

 

Топ 5 брзи домашни лекови

Настинките зачестуваат и се зголемува бројот на деца со хронични заболувања (бронхит)