, , ,

Топ 5 брзи домашни лекови

Секојдневни производи кои ќе ги решат вашите проблеми

Главоболка? Проблеми со лош здив? Напади на икање? Стрес? Чувство на гадење? Следниве секојдневни производи може да ви помогнат за само неколку минути да ги решите овие проблеми.

1. Јогуртот помага да го отстраните лошиот здив

Истражувањата покажале дека бактеријата која живее во јогуртот и киселото млеко без шеќер помага за да се намали бројот на бактерии кои го предизвикуваат лошиот здив. Ако оваа бактeриа се уништи вашиот здив ќе мириса поубаво.

2. Шеќерот го запира икањето

Икањето знае да биде навистина непријатна појава. Една лажица сув шеќер ќе го запре икањето за една минута. Научниците велат дека ненадејното чувство на благо на јазикот и во устата ќе ги изиритира нервите во устата и со тоа ќе прекине нападот на икање.

3. Пеперминт мастиките го намалуваат стресот

Истражувањата покажале дека гумите за џвакање со вкус на ментол и цимет го намалуваат стресот, ја зголемуваат будноста и го намалуваат заморот.

4. Гризењето молив ќе ја прекине главоболката

Главоболките чесето се предизвикани од несвесно стегање на вилицата. Држењето на молив меѓу забите помага да се опуштат мускулите на вилицата и со тоа да се намали главоболката.

5. Лимонот и маслинките лечат морска болест

Гадењето кое се појавува за време на морска болест е предизвикано од вишокот на плунка која се лачи. Јадењето маслинките или лимон може да го спречат гадењето доколку на време ги конзумирате при првите симптоми на морска болест

limon

Која е тајната на замрзнатиот лимон

Топ 5 брзи домашни лекови