, , ,

Советуваме како до ортопедско помагало на товар на ФЗО

Ви ги претставува чекорите како по најкраткиот пат да стигнете до Вашето ортопедско помагало на товар на ФЗО

Центарот за ортотика и протетика “Славеј” АД Скопје во прилог Ви ги претставува чекорите како по најкраткиот пат да стигнете до Вашето ортопедско помагало на товар на Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија (ФЗО).

Осигуреното лице, правото на ортопедски и други помагала на товар на ФЗО ги остварува според индикациите утврдени во Правилникот за индикации за остварување на право на ортопедски и други помагала (сл. весник бр. 33 од 17 03-2011), а тоа се: медицинска дијагноза, возраст на осигуреното лице за одредени видови помагала, станбено комунални и други услови кои се од значење за користење и правилна примена на одредени видови помагала.

Потврда за ортопедско помагало може да издаде доктор специјалист од одредена специјалност (наведени во шифрарникот на помагала, објавени од страна на ФЗО на Република Македонија (сл. весник бр. 33 од 17.03.2011)) или избран доктор, само од здравствена установа која има склучено договор со Фондот.

Нестандардното ортопедско помагало е целосно на товар на осигуреникот.

Медицинските индикации за секое помагало поединечно можете да ги најдете во Правилникот за индикации за остварување на право на ортопедски и други помагала (сл. весник бр. 33 од 17.03.2011).

Повеќе информации можете да видите на страната на ФЗО – http://www.fzo.org.mk

Во прилог следи спецификацијата на ортопедски помагала врз основа на која Центарот за протетика и ортотика Славеј” АД Скопје има склучено договор со фондот за здравствено осигурување на Македонија и врз основа на која осигуреното лице може да оствари право на ортопедско и друго помагало на товар на средствата на ФОЗ.

Истраживме се за анемијата – слабокрвност

Советуваме како до ортопедско помагало на товар на ФЗО