Втора година по ред Р3 Инфомедиа како издавач на Златна книга ќе го дистрибуира печатеното издание за 2018/19 година заедно со Слободен печат.
Со купување на весникот Слободен печат во вторник, 22 мај, сите читатели на Слободен Печат добиваат бесплатен примерок на новото годишно издание на Златна книга.
Златна книга, водечкиот домашен информатор, и оваа година ви обезбедува нови и проверени информации за над 50,000 компании, организации и институции во земјата.
Дополнително, со секој примерок добивате нови купони за попусти и гратиси на производи во повеќе од 95 фирми.
Златна книга е достапна и преку веб страна (www.zk.mk) и мобилната апликација, а од оваа година и со нови содржини за настани од културата, и совети за вашите секојдневни потреби.
Не заборавајте да го набавите вашиот Слободен печат во вторник, 22 мај, со подарок Златна книга 2018/19.