,

AURA советува… Како до совршена нега на лице и коса ова лето

Освежете ги очите

Покрај природните состојки што помагаат при освежување и одмарање на очите како што се на пр. парчињата краставица,предлагаме со AURA молив XPRESS да ги исцртате внатрешните делови на очите, но и надворешните краеви за особен сјај, што ќе ги прикрие сите моменти на умор.

Избегнете го ефектот на влакнесто лице

Кога со четката ја нанесувате пудрата одоздола па нагоре, вие ги активирате сите влакна на лицето и им давате дополнителен волумен што веруваме никој не го сака. Избегнете го тоа со тоа што ќе ја нанесувате AURA пудрата COVER ME! одозгора па надолу.

СОВЕТ ЗА ПРЕКРИВАЊЕ НА СИТЕ НЕПРАВИЛНОСТИ НА КОЖАТА

Нанесете рамномерно од AURA течниот коректор CORRECT ME! лесно и со благо триење ќе ја почувствувате моќта на овој производ.Хидрофобните состојки остануваат многу долго на местото на нанесувањето,со што секоја жена се чувствува моќна и сигурна во својот природен изглед без недостатоци.

СО МАЛА ПОМОШ ДО СОВРШЕНИ ВЕЃИ

N-Формула, која е карактеристика на AURA моливите за веѓи, значи вредност и стручна проверка.Станува збор за формула која обезбедува висок квалитет и долготрајност.
Додатокот кој ќе го најдете на моливот е четката за расчешлување на веѓите.Пред нанесување на моливот на веѓите,тие прво се расчешлуваат и се обликуваат по желба.

Фарбање на косата

Фарбањето коса е еден од најбрзите начини да го промените својот изглед.Со фарбањето можете да ја осветлите,затемните и промените бојата на косата.Пред да се одлучите за промената,земете ја во предвид бојата на кожата,очите,па дури и на облеката која најчесто ја носите.

Бојата на косата нека ви биде во склад со тенот.Ако имате светла кожа-фарбајте се со посветли нијанси од фарбата за косаEXPLICIT од AURA.Темниот тен не изгледа добро со светла боја на косата.

Ако сами ја фарбате косата-фарбата нанесете ја на косата со специјална четка за фарбање(AURA ORIGINAL четка за фарбање).Ставете фарба малку на врвовите на четката и почнете од коренот на косата.

Косата поделете ја на мали прамени поради рамномерното боење.За 10-20 минути нанесете ја EXPLICIT фарбата за коса по должината.Времето на фарбањето зависи од саканата боја-колку повеќе ја „држите“ пред миењето,толку потемна нијанса излегува.По тоа,косата измијте ја со топла вода без шампон и уште еднаш-двапати со шампон.

Кај фарбањето на седите влакна,фарбата EXPLICIT се нанесува само на тој дел.Неколку минути пред миењето,остатокот од фарбата разредете го со вода(1:3)и нанесете на целата коса,како би се изедначила бојата.

Каде да купите и што треба да знаете околу инвертер климите

AURA советува… Како до совршена нега на лице и коса ова лето