ИНВЕРТЕР клима уредите се се поприсутни на пазарот, и стануваат поприфатливо решение за греење и ладење, од економски и еколошки аспект. Во прилог на ова имаме се почестите поволности што ги нудат банките и владата: субвенции, грантови и поволни еко-кредити, кои го стимулираат купувањето на ваквите системи. Паралелно со ова, се зголеми и понудата на различни модели и производни марки на клима уреди. Но во таков случај, изборот и одлуката за која трговска марка на инвертер клима уред ќе се решите, станува се потешко.
За да Ви го олесниме патот до вистинската одлука, прочитајте ги следниве совети што ќе ги споделиме од нашето 25 годишно искуство.
• Не купувајте инвертер клима уреди, без претходнo да се информирате за начинот на кој работат и функционираат истите, бидејќи тоа лесно, може да резултира како лоша инвестиција.
• Одлуката за кој клима уред ќе се решите, не ја носите само врз основа на дизајн, карактеристики и спецификации од хартија или најчесто поради ниската цена.
• Прашајте за EUROVENT сертификатот. Toа не е само парче хартија тоа е потврда за декларираните карактеристики што се напишани за клима уредот и за оргиналноста на вградените делови во него, а му служи пред се за заштита на самиот купувач, да биде сигурен за тоа што го добива.
• Информирајте се за монтажата – избегнувајте ги брендовите кои немаат сопствени сертифицирани монтерски и сервисни екипи. Ова е важно бидејќи, и најквалитетната клима уште на почеток може да манифестира неправилности во работењето да не даде ефикасност во работењето, доколку е нестручно и неправилно монтирана.
• Затоа можеби најпаметно е изборот на клима уред да им го препуштите на стручни лица, во специјализирани изложбено-продажни продавници за климатизација, кои работат исклучиво со климатизери и топлотни пумпи, и каде што на едно место ќе ги видите поголемиот дел од моделите.
- Имено во showroom-овите имате можност во удобен амбиент, на лице место да се уверите во изгледот, работата и степенот на бучавоста на самите клими, бидејќи повеќето од нив се ставени во функција.
- специјализираните продавници за клима уреди, најчесто се ексклузивни овластени застапници на светски престижни брендови од полето на климатизацијата и препознатливи во светот по својот квалитет. Вработениот персонал во тие продавници се стручно-едуцирани продавачи и инжинери, кои со својот професионализам од оваа област, можат точно да ви дадат информација и ќе ви ја препорачаат најдобрата клима.
- Доколку сакате посериозен пристап во решавање на греењето и ладењето на вашиот дом со сплит, мултисплит инвертер клими или топлотни пумпи воздух-вода, во овие салони има можност бесплатно да Ви се изработи предлог решение или проект.
- Поточно, врз основа на претходно направен увид на објектот или на добиени димезии од станот или куќата, висина на просторот, вградена изолација, ориентација на објектот и други параметри, се прават соодветни термотехнички пресметки и се дефинира потребниот капацитет на клима уредот, моделот и неговата место-положба. Најважно е избраниот клима уред да се вклопи во буџетот на корисникот и да ги задоволи неговите потреби и очекувања во поглед на енергетската ефикасност и економичност.
• Исто така, при купување на клима уред многу важен момент е гаранцијата. Секој купувач треба да провери колку време трае гаратниот рок и на што точно се однесува или пак постојат некои дополнителни ”скриени услови”. На пример многу трговци декларираат продолжен гарантен рок, но со годишен сервис-кој секоја година дополнително ќе треба да се наплатува или постои делумна гаранција на компресор, но не и на целиот систем итн. Затоа најдобро е да се купуваат клими со точно дефинирани безусловни гаранциски рокови.
• За купениот климатизер, чувајте ја фискалната сметка (или фактура) и гарантниот лист и побарајте печат и потпис на фирмата што ја направила монтажата. Само на овој начин можете да ги заштитите вашите права во гарантниот рок.
• Информирајте се за начинот на ракување со клима уредот и редовно одржувајте го – чистете ги филтрите према зададените упатства, за да му го продолжите квалитетот и векот на работа.
ЗА ПРАВИЛНА ИНВЕСТИЦИЈА И ПРИЈАТНА КЛИМА ВО ВАШИОТ ДОМ
ПОСЕТЕТЕ ГИ изложбено-продажните места на единствениот Home C°mfort Premium Partner на DAIKIN за Македонија.
Продажен салон – Скопјанка: (02)5 11 54 24
Продажен штанд – City Mall (1кат) 076 / 344-728
Изложбен салон и канцеларии – (02)3 10 99 49 (кружен тек-Сајмиште)