, ,

Често поставувани прашања за коронавирус

Дали антибиотиците се ефикасни во превенција и лекување на новиот коронавирус?

Не, антибиотиците немаат ефект против вирусите, туку само против бактериите. Новиот коронавирус спаѓа во групата на вируси, па така антибиотиците не треба да се употребуваат како средство за превенција или лекување. Сепак, доколку сте хоспитализирани поради инфекција со коронавирус, можно е да добиете антибиотска терапија поради опасноста од секундарна бактериска инфекција.

Дали коронавирусот ги напаѓа само повозрасните, или и младите се исто така подложни на инфекција?

Лица од сите возрасти можат да бидат инфицирани со коронавирус. Повозрасните и лицата со хронични болести (како астма, шеќерна болест, срцеви заболувања) се повеќе склони кон потешка форма на болеста. Им се препорачува на лицата од сите возрасти да преземат мерки за заштита од вирусот, како на пример редовно миење раце.

Дали постојат специфични лекови за превенција и лекување на новиот коронавирус?

Досега не е откриен специфичен лек кој се препорачува за превенција и лекување на коронавирусот. Заразените лица треба да добијат соодветна нега за олеснување и ублажување на симптомите. Се работи на откривање на специфична терапија, која во иднина треба да биде потврдена преку клинички тестирања.

Дали постои можност домашните миленици да го пренесат коронавирусот?

Не постои доказ дека домашните миленици, како кучињата и мачките, може да бидат заразени со новиот коронавирус. И покрај тоа, се препорачува миење на рацете со сапун по секој контакт со милениците. Така ќе се заштитите од разните бактерии кои се пренесуваат од животни на човек.

Совет – Искористите ги сончевите денови во зима и заштедете на лекарства

Често поставувани прашања за коронавирус