, , ,

Совет – Искористите ги сончевите денови во зима и заштедете на лекарства

Витаминот Д има директен ефект на клетките, без да “комуницира” со нашата ДНК.

Витаминот Д е прохормон, ткивата во нашатето тело го употребуваат за да ги отклучат ДНК шематските планови, кои секое ткиво ги содржи и кои се потребни за нашите клетки, за да се произведе многу биохемиски производи за секојдневно функционирање. Витаминот Д има директен ефект на клетките, без да “комуницира” со нашата ДНК.

Недостатокот од Витаминот Д во денешно време е познат како пандемија. Главна причина за недостаток на витаминот Д е недостаток на благодарно изложување на сонце во умерени количини кој е главен извор на витамин Д кај повеќето луѓе. Многу малку храна природно содржи витамин Д, како и храна која е збогатена со витамин Д често се несоодветни за да ги задоволат потребите од витамин Д како кај децата така и кај на возрасните.

За жал, недостаток од витаминот Д е честа појава во нашата климатска зона, особено во зима (70%), но недостаток од витаминот Д (околу 50%) се јавува дури и за време на летните месеци.

За да го следите количеството на витамин Д во Вашето тело симнете ја оваа апликација

За жал, тоа не е само депресијата, и инфекциите се мниогу честа појава во текот на зимскиот период, кои не спречуваат да уживаме во студените месеци. Сепак, ако би можеле да го постигнеме саканаото ниво на витамин Д, фреквенцијата на грип може да се намали за 90 отсто.

Витаминот Д интензивира дефанзивни функции на имунолошкиот систем против инфекциите, а неговиот недостаток ве прави подложни на инфекции! Во една американска студија, во која учествувале жени после менопауза, тие дневно примале 2.000 ИЕ витамин Д3 и кај 90% од нив не дошло до појава на грип или настинки. Јапонска студија со слични резултати, каде што деца од училишна возраст добивале 1.200 ИЕ витамин Д3 дневно, со што значително се намалил бројот на настинки и грип.

Во врска со грипот, исто така, би било полесно да се избегнат инфекциите кои предизвикуваат други респираторни заболувања.

Витаминот Д ја зголемува отпорноста на имунолошкиот систем против патогените. Па сега за сега, внесот на витамин Д може да ви помогне да ги избегнете лошо расположение и инфекциите.

Долго време, луѓето верувале дека лошото расположение кај луѓето се должи на недостатокот на сонце или ладното време во есен и зима. Експертите исто така, им ја припишуваат повисоката фреквенција на ментални болести и депресија на овие сезони. Сепак, постои излез од сето ова! Неколку студии ги открија причинителите кои што ја предизвикува оваа состојба и постигнатаа позитивни резултати со користење на природни активни материи како што се омега-3 масни киселини. Последните резултати, исто така, ја потенцираа важноста на витаминот Д.

  • Кај пациентите дијагностицирани со депресија исто како и кај здравите луѓе кои се борат со сезонска летаргија беа пронајденипониско ниво од оптималното ниво на витамин Д.
  • И покрај тоа што се уште не е јасно докажано дали недостатокот на витамин Д е причина, резултат или состојба, се чини дека суплементацијата има корисен ефект на нашата ментална состојба.
  • Според едно истражување спроведено во 2011 година докажано е дека пациентите кои што се борат со зимска депресија,расположението им се подобрува по земањето на витамин Д.

Имајте на ум дека витаминот Д благотворно влијае на вашиот имунолошки систем!

Главен извор на витамин Д е нашата кожа. Како хемиско соединение природно се присутни во површинските слоеви на кожата, на изложеност на UV-B зрачење, се претвора, се холекалциферол (7-дехидрохолестерол). Сепак, ние производуваме витамин Д, само ако нашата кожа е изложена на УВ-Б зраци. Ако ние го поминуваме целиот ден во затворени простории или излегуваме само во раните утрински или доцните вечерни часови, тогаш ние едноставно не сме доволно изложени на ултравиолетово зрачење од сонцето за да произведеме доволно витамин Д.

Не постои единствен конечен одговор. Но доколку сте личност со светла кожа, за период од 15-20 минути, околу пладне, Вашето тело ќе апсорбира околу 10 000 И.Е. витамин Д. Доколку вашата кожа е потемна, ќе го постигнете истиот ефект за двојно подолго време.
Затоа искористете ги сончевите денови оваа зима, излезете надвор и искористете го сончевиот витамин до максимум.

Со историски резултати Мермерен Комбинат АД Прилеп пишува нова ера на успеси

Совет – Искористите ги сончевите денови во зима и заштедете на лекарства