, , ,

Денешна програма на Синедејс 13.ноември

Синедејс, фестивалот на европскиот филм во Скопје денеска продолжува со неколку проекции.

Во Кино Милениум во 20 часот на репертоарот е „Без љубов“.

Руско – француската копродукција  по сценарио на Олег Негин, а во режија на Андеј Звијагинстев, е приказна за Жења и Борис  кои поминуваат низ пеколен развод исполнет со презир, фрустрација и обвинувања. Отпочнувајќи нови животи, секој со нов партнер, нестрпливи се да започнат одново, да свртат нов лист, дури и по цена на закани за напуштање на нивниот 12-годишен син, Аљоша. Но, по една од нивните расправии, Аљоша исчезнува…

Во 22 часот е „Гледај и чуди се: Соништа за поврзан свет“.

Режисерот Вернер Херцог ги истражува минатото, сегашноста и иднината на Интернетот и како тој влијае врз човековата интеракција и модерното општество.

Во киното Фросина во 19 часот е проекцијата на „Свет воздух“.

Адам е Арап христијанин, кој живее во Назарет – член на малцинство што исчезнува во малцинство во Светата Земја и Блискиот Исток. Неговата сопруга Ламија е силна, убава и прогресивна арапска жена, која води организација за права на жените. Кога Адам ќе чуе дека Ламија е бремена и неговиот татко ќе падне тешко болен, тој прави проценка на сопствениот живот и сфаќа дека нема постигнато многу. И покрај сите пропаднати идеи за бизнис досега, решава да се обиде уште еден, последен пат и овој пат да направи нешто навистина големо. А постои ли нешто подобро за продавање во Светата Земја од самиот воздух?

Во 21 часот е „Зора“.

Лета веќе неколку месеци не може да ја плати киријата. Кога неа и нејзиниот едногодишен син ќе ги исфрлат од станот, се вселуваат кај Софи, стара жена врзана за кревет, чијашто ќерка ја вработува Лета како негувателка. Со цел да ја зачува својата работа и покривот над глава, Лета мора да ја одржи Софи во живот по секоја цена.

Во џебното кино  во 20 часот е „Еден куп уметност“.

Филм за Sleaford Mods, рок двоецот од Нотингем, кој е нарекуван „најгневниот бенд во Британија“. Поранешниот вработен во фабрика за пилиња Jason Williamson и неговиот колега Andrew Fearn, хип-хоп продуцент успеваат да привлечат огромна публика со нивните брутално искрени текстови.

Во 22 часот е проекцијата на „Круг“.

Шведскиот филм на Леван Акин зборува за eдна ноќ, кога месечината на небото ќе биде црвена, шест тинејџерки ќе се најдат во еден напуштен парк, привлечени од необична моќ. Тие се „избраните“, група вештерки со волшебни моќи, кои мора да научат да работат заедно, и покрај несогласувањата, за да го спасат светот.

Во МКЦ во 22 часот е целовечерниот концерт на „ЧкЧкЧк“ , на кој ќе го промовираат својот нов албум „Shake The Shudder”.

АМСМ услуги – состојба на патишта и гранични премини ПОНЕДЕЛНИК, 13 НОЕМВРИ 2017

Денешна програма на Синедејс 13.ноември