, , ,

Голема најава за легендарното ретро Фиќо (видео)

Seat најави дека кон крајот на идната недела ќе го претстави ретро концептот на 600 BMS

Компанијата Seat на саемот за автомобили во Барселона ќе го претстави моделот 600 BMS кој всушност е модерна верзија на легендарното Фиќо.

Seat најави дека кон крајот на идната недела ќе го претстави ретро концептот на 600 BMS инспириран од оригиналниот модел 600 кој овој месец слави 60 години од претставувањето.

Seat 600 беше првиот шпански народен автомобил, лиценцирана копија на Fiat 600, истиот автомобил на чија основа настана и Фиќото.

Со оглед на тоа дека Seat 600 и Zastava 750, односно Фиќо беа речиси исти автомобили, Сеат со овој потег ќе ги разбуди спомените на најпопуларниот народен автомобил.

Zastava го произведуваше од 1955 до 1985 година, Fiat од истата ’55-та до 1969-тата, а Сеат 600 се произведуваше од 1957 до 1973 година.

Минијатурниот автомобил со место за четири патници и две врати беше долг само 332 сантиметри, а тежок 580 килограми. Произведени се 797.319 Seat 600.

Zastava 750, односно Фиќо беше напреден модел од Seat 600. Се појави две години порано, во 1955 година, а на пазарот се задржа 30 години односно до 1985 година. Zastava од овој модел  произведе вкупно 2,7 милиони примероци.

Малиот џин се монтираше уште и во Германија, Австрија, Аргентина, Уругвај, Чиле, Колумбија, па дури и во Австралија, Малезија и Тајван, а за малку ќе продолжеше да живее во Турција откако Југославија се откажа од него.

Сепак пред триесет и нешто години гордо замина во историјата, со скоро пет милиони произведени примероци. Дел од нив сé уште се тркалаат по улиците. Ги има кај нас, но и низ скоро целиот свет. За жал, и покрај несебичниот ангажман на ентузијастите, тие дефинитивно возат по патот на заборавот.

За да не се случи тоа, додека Италијанците се свртија кон помалиот 500 а Zastava практично исчезна од светската автомобилска мапа, Шпанците се решија да го обозноват.

Нивното Фиќо е еднаква автомобилска икона каква што е и кај нас и заслужува почит за тоа. Неа дизајнерите на Seat ќе му ја оддадат на претстојниот салон на автомобилите во Барселона, кој започнува за некој ден.

Покрај другите современи и трендовски премиери, тие го подготвија и концептот 600 BMS, со кој оддаваат почит на автомобилот што ја започна моторизацијата на земјата – нивниот Фиќо.

шминка

Топ 5 холивудски трикови за шминкање

Голема најава за легендарното ретро Фиќо (видео)