Хемиски пилинг е безбедно клинички докажано медицинско-козметичка метода која подразбира апликација на киселина на кожа во склад со одредени протоколи а се постигнува регенерација и биоревитализација на кожата, отстранување на хиперпигментации, лечење на акни, лечење на флеки, затварање пори, лечење на соларни флеки, и флеки кај жени после бременост и доење.
Пилинзите се делат на:
- јако површни
- површни
- средни длабоки
- длабоки
Врсти на киселини и нивно дејство
-Салицилна киселина: кертиолитичко и бактерицидно дејство
-лактобионска киселина: хидрирачки ефект
-аскорбинска киселина: антиоксиданс-ја зголемува синтезата на колгени и еластични влакна
-менделична (бадемова киселина): антибактериска активност-ја регулира пигментацијата, редукција на ситни брчки
-гликолна киселина-врши ексфолијација, актиоксидант, стимулатор на регенерација
-ретиноична киселина: редукција на меланин во базалниот слој ги распрснува пигментните гранули, брза елиминација на пигментите
Фактори кои влијаат на ефектот на хемиските пилинзи
- Врста на хемиски пилинг
- Концентрација на пилингот
- Време на експозиција на пилингот
- PH вредност на пилингот
- Број на слоеви нанесени на кожата
- Техника на апликација
- Тип на кожата на пациентот
Освен киселини нашите пилинзи содржат и витамини,органски силициум, магнезиум и други состојки кои помагаат во Antiaging терапија.
Хемиските пилинзи не се употребуваат ако лицето има активен херпес вирус,зрачени пациенти,трудници и доилки.