, ,

МИКРОДЕРМОАБРАЗИЈА

Микродермоабразија е минимално инвазивен зафат развиен во 1985 год. во Италија, кој во последните години е многу популарен.

Зафатот се состои од нежен пилинг на површинскиот слој од кожата, и со помош на абразија се постигнува обновување и подмладување на кожата.

•Освен на лице, може да се изведува и на врат, лице, деколте.

Микродермоабразијата е безболен третман и е погоден за сите типови кожа.

•Микродермоабразијата се изведува со апарат преку кој се преоѓа преку кожата на лицето. Од апаратот излегуваат кристални или дијамантски честички кои нежно го отстрануваат површинскиот слој на кожата. (stratum corneum) со што се постигнува создавање на нови клетки на кожата.

Апаратот создава и вакуум кој ги повлекува кристалите заедно со површинскиот слој на кожата. Вакуумот служи и за поттикнување на циркулацијата на лицето.

Микродермоабразијата е погодна за сите возрасти а третманот може да се изведува од 12 до 65 години.

•Најчесто се потребни 6 третмани како би го добиле потребниот ефект.

Освен дијамантска и кристална, постои и понов метод хидромикродермоабразија. Таа се изведува без кристали и дијамант. На место нив се користат млазови вода како би се отстранил горниот слој од кожата.

Хидромикродермоабразијата е погодна за многу осетлива кожа бидејќи и самиот третман е многу нежен.

После секој третман со микродермоабразија кожата станува мека и нежна , добива младелашки изглед и изедначен тен на лицето.

Микродермоабразијата како третман се препорачува кај следните проблеми со кожата:

  • хиперпигментација
  • проширени пори
  • акни и ожилци од акни
  • оштетувања од сонце
  • мали брчки

После третманот со микродермоабразија се препорачува употреба на крем со заштитен фактор, избегнување од сонце, солариум.

Хемиски пилинзи

МИКРОДЕРМОАБРАЗИЈА